Образовна манифестација „Образовно рандеву 2019”


Објавено на: 15.04.2019

Образовната манифестацијата „Образовно рандеву 2019”, се одржа на 12 и 13 Април 2019 година во ОСУ „Мирко Милески” – Кичево. СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци, преку економско-правна и трговската струка, учествуваше на оваа образовна манифестација со вкупно 33 ученици и 9 наставници-ментори: Давчева Лоска, Иванова Душанка, Станоевска Љубица, Лазова Благородна, Ризова Јасминка, Коцева Богде, Велков Ѓорѓи, Клинчаров Блашко и Тимче Пецов, во следните категории: интервју за работа, јавно говорење, модна ревија, пинг-понг, баскет, серва, најдобра видео реклама, најдобра фотографија и најдобар филм.

Во категоријата „Модна ревија” ученичките Ивона Тасева, Спасијка Димова, Сара Ристова, Мирјана Трипунова, Благица Темелкова, Ружица Димитрова и Наталија Палитова, под менторство на професорката Јасминка Ризова, освоија петто место.

Во сите категории, учениците остварија солидни резултати и притоа покажаа тимска работа, самодоверба, креативност, самоиницијативност, лидерски способности, организациски и комуникациски вештини, спортски дух… Преку овие вештини, учениците се оспособуваат за живот и работа.

57044318 431665064259499 9041677328047931392 n

 57379449 799459000422343 3803226525956833280 n

„Образовно рандеву” е образовна манифестација со натпреварувачки карактер, организирана од МАССУМ (Младинска асоцијација на средни стручни училишта), Министерството за образование и наука, и USAID, наменета за учениците од средните стручни училишта во Република Македонија. Секоја година, СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци, преку ЛМО „Млади лидери” при Гимназијата, активно зема учество во оваа манифестација, промовирајќи го училиштето и освојувајќи награди во одделни категории.

56819085 2343464902639702 8058637495283220480 n

56935155 425199144905081 6437599494971326464 n

56917764 447013249438588 3367630457465208832 n 56986763 2270768809805593 1745125068691734528 n

Веќе 13 години, ЛМО при Гимназијата, „Млади лидери“, под менторство на професорката по економски предмети, Давчева Лоска, успешно работи на јакнење на капацитетите на учениците од економско-правна и трговската струка, со профилите економски техничар и правен техничар, нивно подготовување за лидерство, нивен личен напредок и поголем успех во кариерата. Затоа, добро е да се потсетиме на мисијата, визијата и слоганот на ЛМО „Млади лидери” при СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци:

Мисија: „Млади лидери“ е динамична младинска организација која ќе го подобри животот на младите, преку подготовки за лидерство, нивен личен напредок и поголем успех во кариерата.

Слоган: „Мисли, твори, креирај – води !“

Визија: За да бидеш лидер треба секогаш критички да размислуваш и тоа треба да те води кон творење, создавање на нешто што можеш да го правиш, да умееш да ги изразуваш со твое творење и индивидуалните способности и афинитети, и сето тоа е основа да ги видиш и другите личности во иднината и да допринесеш да ја промениш положбата во која се наоѓаш, а со тоа ќе допринесеш за подобрување на животот на младите. Сето тоа води   кон успех во кариерата на секој поединец.

56966743 586069198470278 9022658895033663488 n

Прилогот го подготви,

Лоска Давчева, професор по економски предмети