Измерете го вашиот крвен притисок во секое време со Blood Pressure Watch

април 25, 2014 во Android, Горан Митров

Проверувањето на крвниот притисок е круцијален дел од управувањето со него. Оваа апликација Blood Pressure (BP) Watch ќе ви овозможи да останете во тек и да го следите вашиот крвен притисок со познати подесувања. Измерете го вашиот крвен притисок секогаш кога имате потреба. Земете мислење од докторот за фрекфенцијата на следење на притисокот. Апликацијата е лесна за употреба и нуди мерења на систолата (високата вредност) и дијастолата (ниската вредност) на крвниот притисок, како и мерења на пулсот.

Карактеристики:

  • Мерење на крвниот притисок.
  • Следење на крвниот притисок.
  • Линиски графикон.
  • Просечни вредности.

Зошто BP Watch?

Ова е нова апликација на маркетот којашто сеуште е во својот зачеток. Ова е само еден мал дел од голема визија. Досега се додадени само основните карактеристики, но се планира апликацијата да биде надградувана на секои 3 месеци за потребите на корисниците. Ова ќе биде апликација базирана на тоа што корисниците ќе го побараат.