Преземете контрола врз вашата приватност со KeepSafe апликацијата

април 29, 2014 во Android, iOS, Ристе Крстев

Дали некогаш сте се запрашале како да ги сокриете некои приватни фотографии кои сакате да ги зачувате само за себе?

Апликацијата KeepSafe ви го овозможува токму ова! Со само едноставно селектирање сите ваши слики ќе исчезнат од вашата фото-галерија и ќе бидат заклучени со едноставен PIN код. На овој начин само вие можете да ги видете вашите приватни фотографии.Untitled-1Покрај фотографиите KeepSafe ви дозволува да ги заклучите и вашите видео клипови. Прикажете само она што сакате да биде видено. Сокривањето на вашите фотографии и видеа со KeepSafe ви дава контрола над вашата приватност како никoгаш досега. Некои од карактеристиките на KeepSafe (Android, iOS) се:

  • Сокривајте Фотографии и Видео клипови
  • Сокривајте цели фолдери
  • Споделувајте фотографии директно од KeepSafe
  • Функции за ротирање и зумирање
  • Опција за слајдшоу
  • Safe Send – прикажувајте фотографии на пријатели за лимитирано време
  • Прикажување на фотографии на цел екран