Учете aнглиски јазик со LearnEnglish Grammar

април 18, 2014 во Android, iOS, Windows Phone, Ристе Крстев

LearnEnglish Grammar е популарна интерактивна апликација создадена за учење на граматиката на англискиот јазик. Апликацијата нуди илјадници прашања кои ќе ви помогнат да го подобрите познавањето на јазикот.

Untitled-2

LearnEnglish Grammar е соодветна за лица од било која возраст и нуди интерактивни вежби поделени на неколку нивоа (Beginner, Elementary, Intermediate и Advanced). Почнете од вашето ниво и напредувајте со текот на времето!
Апликацијата е достапна за Android, iOS и Windows Phone и веќе е инсталирана на повеќе од 1 милион мобилни уреди. LearnEnglish Grammar се одликува и со одличен рејтинг помеѓу корисниците. Имено, апликацијата се наоѓа на првото место во едукативната категорија на iTunes маркетот во 9 земји, а се вбројува и во топ 10-те едукативни апликации во над 40 земји низ светот.