Управувајте го телефонот преку вашиот компјутер со Airdroid апликацијата

27 април 2014 во Android, Ристе Крстев

Паметните телефони се добри и корисни, но сигурно некогаш сте се нашле во ситуација да седете пред вашиот компјутер мислејќи: „Морам да напишам SMS порака, но немам трпение да пишувам на тој мал екран кога пред мене имам вистинска механичка тастатура.“ Она што ви треба во овој момент, е Airdroid, апликација која е сместена во вашиот телефон и ви дава можност да управувате со вашиот Android уред од компјутерот, преку веб-пребарувач. Airdroid ви дозволува да користите еден куп корисни функции преку Wi-Fi конекција. Се додека вашиот телефон и компјутер се на истата мрежа, пристапот до вашиот телефон нема да претставува проблем. Секоја Wi-Fi мрежа ќе работи добро, па дури и јавните hotspot врски ќе бидат доволни да го поврзете телефонот со вашиот компјутер.Untitled-1Па, што можете да направите? Овде има многу опции.  Работите како проверување кој ви се јавил и читање пораки можете да ги правите и на вашиот телефон. Една од поинтересните и корисни функции кои ги поседува Airdroid е размената на пораки. Пишувањето на пораки никогаш не било полесно! Наместо да пишувате на парче стакло, сега можете да праќате пораки напишани на вашата механичка тастатура. Пораките ќе ги пишувате за минута, а исто така граматичките грешки ќе бидат доведени на минимум. Airdroid се грижи и за музиката на вашиот телефон. Покрај тоа што можете да слушате музика преку вашиот компјутер, исто така можете да ја искористите поврзаноста на уредите за да пренесете музика од вашиот компјутер во телефонот и обратно.Но покрај сите овие корисни работи кои ви ги набројавме во оваа рецензија, една од најзначајните фукции кои ги нуди Airdroid е трансферот на фајлови од паметниот телефон во компјутерот и обратно без поврзување на кабли. Безжичниот трансфер комбиниран со прегледување на фотографии и видеа, слушање музика, пишување пораки, менување на рингтонот ја прават оваа апликација една од најдобрите во своето подрачје. Преземете ја уште денеска од Google Play Store.