SwiftKey е новата тастатура за вашиот смартфон

23 април 2014 во Android, Ристе Крстев

SwiftKey е Android апликација која ја заменува тастатурата на допир на вашиот телефон, но притоа ви нуди тастатура која разбира како функционираат зборовите заедно, давајќи ви ја најточната автоматска корекција на светот. SwiftKey исто така може да предвиди кој збор ќе го напишете пред воопшто да притиснете некое копче. Тастатурата учи како што ја користите со текот на времето за да ви овозможи поправки и точни предвидувања базирани на начинот на кој пишувате.Untitled-1SwiftKey ги памти зборовите кои ги пишувате на вашиот Gmail акаунт, Facebook, Twitter или блог за да ги направи сознанијата уште пореални. Можете да вклучите до три јазици истовремено за вистинско мулти-јазично пишување. SwiftKey ја поседува и функцијата SwiftKey Flow која ви овозможува да пишувате со едноставно лизгање на вашиот прст низ тастатурата. Со Flow Through Space функцијата можете да внесете цели фрази без воопшто да подигнете прстите од екранот, едноставно со лизгање до копчето space помеѓу зборовите.Апликацијата има подршка за повеќе од 60 јазици ширум светот меѓу кој и македонскиот. За огромната популарност на SwiftKey зборува и фактот дека досега апликацијата има повеќе од 50 милиони симнувања од Android маркетот.