Clean Master – најдобриот оптимизатор за вашиот Android уред

22 март 2014 во Android, Ристе Крстев

Ако сте користеле Android смартфон извесно време најверојатно сте свесни за фактот дека е можно негово забавување поради пренатрупаноста со инсталирани апликации и непотребни фајлови. Но, има начин да се справите со ваквите ситуации. Clean Master е корисна апликација која ги идентификува овие фајлови и ви помага да ги отстраните од вашата меморија.

18jqv236ptczpjpgПокрај тоа што го забрзува вашиот смартфон истовремено ви ослободува дополнителна меморија која можете да ја искористите подоцна. Апликацијата Clean Master досега е инсталирана на повеќе од 100 милиони Android уреди и има рејтинг од 4.7 на Android маркетот што доволно зборува за нејзиниот квалитет и ефикасност.