Прва помош

17 март 2014 во Android, iOS, Горан Митров

Се наоѓате во неочекувана ситуација и како да се справите со тоа? Потребни ви се некои инструкции и апликацијата за прва помош е ваш прв избор. Оваа апликација е дизајнирана од официјалниот Американски Црвен Крст и вклучува експертски совети за следење на вистинските процедури во секојдневните неочекувани ситуации.

m9440158_514x260-mobile-first-aid-app

Апликацијата “Прва помош” ви нуди инстантен пристап до информациите кои ви се потребни да ги знаете за да се справите во најчестите ситуации каде ни е потребно прва помош. Вклучувајќи видеа, интерактивни квизови и едноставни чекор по чекор совети никогаш немало полесен начин за познавање на првата помош. Апликацијава е достапна за сите уреди на Android и на iOS.

screen568x568 screen568x568 (1)

 

 

 

 

 

 

 

 

Карактеристики:

  • Едноставни чекор по чекор совети кои ве водат низ секојдневните сценарија каде се употребува прва помош.
  • Видеа и анимации кои го прават учењето на прва помош интересно и забавно.
  • Безбедносни совети за се, од остро зимско време па се до урагани, земјотреси.
  • Моментален пристап до сите информации во секое време, без потреба на интернет конекција.
  • Интерактивни квизови кои овозможуваат добивање на значки кои може да се споделат со пријателите  и да го покажете вашето знаење за спасување на животи.

Несреќи се случуваат. Превземи ја апликацијата и биди подготвен на се што може животот да ни донесе.