Fotor Photo Editor е најдобриот уредувач за вашите фотографии

7 април 2014 во Android, iOS, Windows Phone, Ристе Крстев

Fotor Photo Editor е една од најдобрите бесплатни апликации за графичка обработка на слики. Опремен со боја, осветлувања и различни ефекти и филтри, Fotor Photo Editor ќе ги исполни сите ваши барања како што тоа би го направил некој професионален фото – едитор. Апликацијата ви нуди моќни алатки со кои ќе направите професионални фотографии за кратко време.Untitled-1Кога ќе го отворите Fotor Photo Editor за прв пат можете да бирате повеќе опции. Изберете слика од вашата фото – галерија или пак направете нова фотографија и почнете да ја уредувате со достапните алатки во апликацијата.  Fotor Photo Editor нуди променување на контрастот, додавање FX ефекти, заситеност итн. Исто така, можете да додадете различни рамки на сликата, текст – ефекти, закосување и поместување и уште многу корисни опции. Read the rest of this entry →