Office Lens – скенер во вашиот џеб

23 март 2014 во Windows Phone, Горан Митров

Office Lens е апликација достапна за уредите коишто користат Windows Phone која ги уредува, разубавува и ги прави сликите од табли и документи читливи и ги зачувува во OneNote.

Оваа апликација прави да се чувствувате како да имате скенер во вашиот џеб. Никогаш не ги пропуштај белешките од таблите! Секогаш биди во можност да ги пронајдеш важните документи! Апликацијава автоматски ги порамнува рабовите и ги исправува фотографиите иако се сликани од чудни агли. Возможно е дури и да се копира текст кој се наоѓа во овие фотографии и да се вметнува во други апликации вклучувајќи го и e-mail.

Strip7

 

Апликациите како Office lens се навистина значајни за сопствениците на мали бизниси бидејќи тие овозможуваат да се движите слободно без хартии и документи во рацете. Не само што помага да заштедите на трошоците за фотокопирање, туку исто така ја елиминира потребата од губење на време барајќи одреден документ.

Сите белешки се автоматски синхронизирани со OneDrive, платформата на Microsoft за складирање, па се достапни од секој уред којшто е поврзан со интернет.