Не знаете што да облечете? Personal Closet ќе ви помогне!

20 март 2014 во Android, Горан Митров

Вашиот плакар е неуреден? Тогаш апликацијата Personal Closet е токму за вас. Оваа апликација е достапна за уредите на Android и ви овозможува целосен приказ на вашиот плакар било каде и да се наоѓате. Сортирајте ја вашата облека, вашите модни додатоци на начин на којшто вие сакате. Одлучете се што сакате да носите секој ден.

OutfitAdd_Transparency_1

 

OutfitAdd_Transparency_2

 

Апликацијата е многу лесна за употреба и нуди многу можности:

  • Креирај го својот инвентар вклучувајќи слики од својот мобилен.
  • Организирај го својот плакар.
  • Креирај ги своите модни комбинации.
  • Пребарувај и филтрирај ја твојата облека, додатоци.
  • Пронајди ги модните продавници кои се наоѓаат во близина.

Организирај го твојот плакар без да правиш неред во домот. Заштеди време!