Robin – гласовниот асистент за вашиот телефон

16 април 2014 во Android, Ристе Крстев

Дали некогаш сте се нашле во ситуација кога итно ви треба да пронајдете паркинг, да добиете брзи инструкции за како да стигнете до одредено место или пак наједноставно – какво ќе биде времето следниот ден? Robin е едноставна Android апликација која ги нуди овие работи и уште многу други.Untitled-1За оваа апликација може да се каже дека е комбинација од Siri (iOS) и Google Now (Android), но исто така и се разликува од овие гласовни асистенти по некои корисни алатки.

Во подесувањата на апликацијата можете да поставите да се вклучува микрофонот со мафтање на дланката над екранот, што мора да признаеме дека е интересна функција која нема да ја најдете на другите гласовни асистенти. Покрај горенаведените функции Robin може да ги чита вашите најнови твитови, а преку апликацијата можете да ги ажурирате вашите Facebook статуси. Robin исто така ќе ве потсети да ги завршите вашите дневни обврски, а ќе ви каже и по некоја шега ако тоа го побарате.

Апликацијата можете да ја преземете во секое време од Google Play маркетот.Untitled-1