SMS Backup

7 април 2014 во Android

СМС Backup е бесплатна апликација која овозможува сите ваши СМС пораки да останат зачувани и ги има сите карактеристики кои би ги посакале !!

SMS-Backup-1
Кога ви треба реинсталација на телефонскиот систем,поправка или менување на телефонот, или сакате да ги зачувате вашите пораки од другите оваа апликација е вистинскиот избор за вас. СМС Backup ви го овозможува најлесниот начин за заштита на вашите СМС податоци. Доколку заштитата на вашите СМС пораки е направена со оваа апликација и вие ги избришете сите СМС пораки од вашиот телефонски уред, вие сеуште ќе можете да ги проверите сите СМС пораки!

Зачувувањето на СМС пораките со оваа апликација може да се изврши на два начина и тоа :

-на SD картичката

-на приватен E-mail

За инсталација на СМС Backup ви се потребни само неколку секунди и 1.36MB меморија!