Никогаш полесен трансфер на податоци со WiFi File Transfer

19 март 2014 во Android, Душко Клинчаров

 

Дали сеуште ги користите проблематичните USB кабли за да го поврзете вашиот смарт телефон со вашиот компјутер? Сега, фрлете го здодевниот USB кабел и подгответе се за WiFi File Transfer. WiFi File Transfer  ви овозможувада ги префрлите сите ваши податоци од Android телефонот на вашиот компјутер преку wireless конекција.

 

Постапка за користење

  • бидете сигурни дека компјутерот и телефонот се поврзани на иста WiFi мрежа
  • стартувајте го WiFi File Transfer со притискање на “Start Service” копчето
  • копирајте и ставете го URL-то на вашиот веб-пребарувач или на Windows file explorer