Дисеминација за професорите од Еразмус+ проектот DigiTeachEUrope


Објавено на: 09.04.2019

На 9 април 2019 год. (вторник) во кабинетот по информатика во нашето училиште се реализираше дисеминација за за професорите од Еразмус+ проектот DigiTeachEUrope, Развивање дигитални средини за учење за училиштата во Европа – Developing digital learning environments for schools in Europe. Работилницата ја одржаа Христинка Косовска, проф. по латински јазик, Благородна Лазова, проф. по информатика и м-р Зоран Милевски, проф. по информатика.

На оваа работилница беа пренесени и презентирани методите, алатките и техниките кои што беа споделени за време на размената на професори во Полска во периодот од 25 до 30 март 2019 год., како дел од стратегиското партнерство од проектот.

Беа претставени т.н. „Escape Room“ во образованието, Модерна училница, ИКТ алатки за модернизирање на часот и поттикнување на активноста кај учениците за време на часот.

Photo 4-9-19 12 22 16-min

Photo 4-9-19 12 21 09-min

Photo 4-9-19 12 21 58-min

Photo 4-9-19 12 18 56-min

Photo 4-9-19 12 19 31-min

Photo 4-9-19 12 46 52-min