Во Латвија се одржа втората работилница од Еразмус+ проектот “Schools go digital” на која учествуваа претставници од Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци. Работилницата се одржа во Техничкото училиште Ogres Tehnikums во градот Огре. Покрај учесниците од нашето училиште, учествуваа и ученици и професори од партнерски училишта од Латвија, Турција, Италија и Романија. Од нашето училиште на работилницата учествуваа Христинка Косовска, проф. по латински јазик и учениците Ѓорѓи Стојков, Наташа Мустеникова, Елена Спирова, Александар Илиев и Цветанка Пасинечка.

На почетокот учесниците се претставија со презентации за училиштата, градот и земјата од која доаѓаат. Потоа се запознаа со ресурсите на Техничкото училиште од Огре, Латвија, кое беше домаќин на средбата. Во текот на обуката учесниците имаа работилници за креирање 3D објекти, дигитални алатки за мултимедиа и лабораториски вежби по физика и хемија. Исто така беа посетени и Палатата Рундале изградена во периодот од 1736 до 1740 година, Природонаучниот академски центар во Рига, Зоолошката градина во Рига, Музеј за мотори во Рига, Фабрика за пиво во Бауска и Стариот град во Рига каде се запознаа со автентичната Латвиска архитектура.

IMG 20190412 105012

IMG-20190415-WA0024

 IMG 20190412 123542

IMG 20190412 145241

IMG 20190412 170457

IMG 20190415 104636

IMG 20190416 101948

IMG-20190414-WA0001