III Место на натпреварот ROBOMAC Junior 2019


Објавено на: 05.04.2019

Оваа година во склоп на натпреварот ROBOMAC2019 за прв пат се одржа и категоријата ROBOMAC Junior во кои учествуваа ученици од четврта година од средните училишта во Република Македонија. Натпреварот се одржа од 18 до 23 март 2019 година, во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), при Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје. Од нашето училиште учествуваа двајца ученици од четврта година Стефан Летников IV⁴ и Стефан Ефтимов IV⁴ кој воедно освои и трето место – бронзен медал под менторство на проф.Благородна Лазова. Целта на овој натпревар беше да се зголеми интересот за роботика и вештачка интелигенција меѓу средношколците во нашата земја, при што учесниците имаат можност да ги споделат своите знаења, како со наставниците и асистентите на Факултетот така и со своите врсници- натпреварувачи, а имаат можност и за работа во тимови и работа со вистински роботи. Учесниците во ROBOMAC Junior се во програмирање и управување на едукативни роботи eduRobot на компанијата Atronika, со цел роботите самостојно и најбрзо да изминат зададена патека со препреки. Покрај натпреварот учесниците добија и можност да учествуваат на предавања на кои ќе се изучат основни знаења и принципи на роботиката, одржани од професори и експерти во областа како и подетално разгледување на неговите простории и поддисциплини.

Robomak 2019