Array

Мисија и цел

Знаењето е едно од ретките нешта што можат да се даваат и да се примаат безгранично. Мисијата на сите наставници е несебично да го делат знаењето на сите ученици што сакаат да го усвојат и да го примат. Наша цел е да ги мотивираме учениците како да учат, со креативни методи и техники коишто постојано ги усовршуваме, со најновите средства на информатичката технологија, што постојано ги обновуваме. Знаењето го создаваме, го пренесуваме и го имплементираме кај сите наши ученици.

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“
Одржан натпреварот ,,Лидер на струка” на државно ниво PDF Печати Е-пошта
среда, 12 декември 2018 14:07

На 05.12.2018 година во Куманово во СОУ ,,Перо Наков’’ се одржа државниот натпреварот ,,Лидер на струка 2018” за ученици од четврта година од економско-првната струка. Од нашето училиште учествуваа учениците:Тамара Димковска од IV-6 клас под менторство на професор Костадинчо Петров, Марина Грижева од IV-6 клас под менторство на професор Лоска Давчева, Магдалена Сирмева од IV-7 клас под менторство на професор Слободанка Стојанова и Ивана Глигорова од IV-7 клас под менторство на професор Љубица Станоевска.

slika1

slika2

Последно освежено на среда, 12 декември 2018 14:38
Повеќе...
 
Медиумски ден PDF Печати Е-пошта
понеделник, 10 декември 2018 10:04

Во организација на Високата школа за новинарство и односи со јавноста заедно со средношколскиот весник „Медиум“, на 05.12.2018 се одржа четвртиот по ред Медиумски ден за средношколците од Македонија на кој учествуваа и нашите ученици од втора година.

Учениците ги посетија просториите на радио „МОВ“, весникот „Нова Македонија“ и „ТВ 21“ запознавајќи се со важноста на новинарството и влијанието на медиумите врз секојдневниот живот на луѓето и општеството. Вработените ги запознаа учениците со историјата и целта на својот медиум како и негативните последици на лажните вести. 

Учениците имаа прилика да зборуваат на радио, да даваат интервјуа, а исто така беа и во улога на ТВ водители.

При посетата на медиумите новинарите им пренесоа љубовта кон својата професија на учениците надевајќи се дека можеби еден ден токму тие ќе станат нивни колеги.

47358327 207182290184714 31629

47379498 563821337397756 89463

Последно освежено на вторник, 11 декември 2018 16:10
Повеќе...
 
Подготовка за нова интеркултурна размена во Швајцарија со ученици од нашето училиште PDF Печати Е-пошта
понеделник, 03 декември 2018 18:05

Со претстојното едукативно патување на нашите 8 ученици од Гимназијата „Добри Даскалов“ и супервизор од нашето училиште професорот по информатика Зоран Милевски во Троген – Швајцарија како интеркултурна размена во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Македонија“, нашето училиште по 6ти пат ќе учествува на овој проект, а досега успешно имаат учестувано 9 групи на ученици.

За време на двонеделниот престој учениците учествуваат на работилници каде стекнуваат нови знаења. Покрај тоа тие се збогатуваат и со работни навики и самостојност со цел да можат да имаат организиран начин на живот. Секоја година интересот кај учениците е се поголем, а оние кои се избрани подоцна ги споделуваат своите искуства и впечатоци. Овие проекти се од особена важност за развивање на нови пријателства и вештини, ценење на природните убавини, како и осознавање и истражување на другите култури.

Се надеваме дека во иднина и нашиот град ќе може да спроведе иницијатива за остварување на слични работилници со цел на интересен начин да се развијат позитивни особености и навики со кои младите ќе можат да успеваат во животот.

На избраните ученици им посакуваме пријатен и успешен престој во Швајцарија.

Во продолжение се неколку линкови од досегашните размени и фотографии.

Избрани учениците кои ќе патуваат во Троген

Ученици од Гимназијата во Троген - Швајцарија

Се вратија учениците од Троген

Ученици од нашето училиште учесници на интеркултурната размена во Троген, Швајцарија

Пренесено знаењето и искуството стекнато на интеркултурната размена во Троген, Швајцарија

47379539 2183210982005317 2153555606475112448 n

Последно освежено на понеделник, 03 декември 2018 21:17
Повеќе...
 
ДНК - основа на наследувањето PDF Печати Е-пошта
четврток, 29 ноември 2018 19:34

На 28 ноември 2018 год. ученици од III година ги претставија своите изработки - модели на ДНК, презентација, хамери, со цел подобро објаснување на наследувањето и ДНК структурата на секој организам. Учениците несебично се залагаа да претстават подобри изработки, а под менторство на проф. по биологија Елизабета Иговска.

Photo 11-29-18 10 51 29

Повеќе...
 
16 ноември – Меѓународен ден на толеранцијата PDF Печати Е-пошта

По повод 16 Ноември - Меѓународниот ден на толеранцијата, во периодот од 15.11 до 20.11.2018 година во нашето училиште се реализираа повеќе активности. Беше изработен постер-плакат со пораки за негување и практикување на толеранцијата, а се реализираа и едукативни работилници за превенција од врсничко насилство од страна на психологот на училиштето Душанка Иванова. Под менторство на психологот ученичките Бранкица Несторовска и Елена Павлова од 3-7 клас изготвија одличен флаер „Не, на врсничкото насилство“ и истиот им беше поделен на учениците. Го респектираме датумот, но на оваа и на слични теми за ментално силни млади ќе продолжиме да организираме активности во текот на целата наставна година.

1 2

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 1 од 110

Креативно катче

Банер

Кажи нешто

Банер

Стани гимназијалец!!!

Банер


Кодекс за однесување на учениците

Банер

Флаер

Банер
Facebook Image

е-списанија

Youtube Channel




Wiki

Wikipedia

Go macedonian english german french italian

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер