Array

Mission and goal

In times of rapid technological development, globalization, information revolution and educational reforms, we try and are ready to meet by embracing the changes and emerging conditions as a chalenge, fighting for our position and affirmation with the achievement of new  applicable knowledge, quality, innovation and utilizing all internal potentials within the school.

High School "Dobri Daskalov"
Порталот fakulteti.mk за нашата гимназија PDF Print E-mail
Friday, December 15 2017 15:28

trcaj-po-znaenje.fw

Ја посетивме гимназијата „Добри Даскалов“: Ние сме пример и гордост на кавадаречкото образование!

На овој линк можете да го прочитате целосниот текст.

 

 
Две втори места на XXII меѓународен фестивал Утринска ѕвезда во Банско, Р.Бугарија PDF Print E-mail
Sunday, December 03 2017 20:27

Од 29 ноември до 3 декември 2017 година во Банско, Р.Бугарија се одржа XXII меѓународен фестивал Утринска ѕвезда. Учениците од гимназијата "Добри Даскалов" Кавадарци настапија со театарската претстава "Бегалка" под менторство на професорите Гордана Еленова и Кочо Кочов и театарската претстава "Сон на летната ноќ" под менторство на професорката Катица Манева и двете за наша особена радост и гордост освоија II место. Ова е уште еден голем успех на кавадаречките гимназијалци кои години наназад ги освојуваат најпрестижните награди на меѓународни натпревари и фестивали.

Photo 12-6-17 09 33 36

Last Updated on Wednesday, December 06 2017 17:46
Read more...
 
Гимназијалците со највисоки награди во месецот на науката PDF Print E-mail
Wednesday, November 29 2017 18:57

Проектите, иновативноста и креативноста се постојан дел од работата на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“. Секоја генерација ученици носи таленти од различни области, кои со помош на нивните ментори излегуваат пред очите на јавноста. На нивните успеси горди се професорите, учениците и родителите.

На 25 и 26 ноември во Скопје се одржа натпреварот „Ноември-месец на науката“.Ученици од нашето училиште со своите ментори, професорите по биологија и хемија , Елизабета Иговска, Богде Коцева, Магдалена Убавкова и Даница Пецова зедоа учество и се вратија со награди и признанија. Во просториите на хемискиот факултет младите гимназијалци активно се вклучија во сите активности и покажаа најдобри резултати.

Photo 11-27-17 12 14 53

Last Updated on Wednesday, December 06 2017 17:44
Read more...
 
Државен натпревар за средни училишта по пинг понг во Прилеп PDF Print E-mail
Thursday, December 07 2017 18:51

На ден 17ти Ноември се одржа Државен натпревар за средни училишта по пинг-понг во Прилеп.На натпреварот земаа учество 30 машки и 15 женски.

Гимназијата „Добри Даскалов“ под менсторство на проф. Блажо Велков зема свое учество. Во натпреварот учествуваа ученици од прва година-Александар Стојанов и Мартин Гогов и од втора година-Ненад Петрески и Добринка Сотирова.

Ученичката од втора година Добринка Сотирова се закити со сребрен медал, играјќи во финалето се пласира на второто место. Добринка Сотирова е член на пингпонгарскиот клуб „Градба Промет“- Кавадарци и има учествувано на државни и балкански првенства, претставувајќи ја Репрезентацијата на Македонија и освоено многу награди на државни првенства и меѓународни турнири.

24946184 1739289219417475 539008169 o

Last Updated on Thursday, December 07 2017 18:55
 
Одбележување на патрониот празник на училиштето PDF Print E-mail
Wednesday, December 06 2017 14:52

Со положување на цвеќе пред бистата на патронот Добри Даскалов и свеченост во фоајето на Гимназијата се одбележа патрониот празник на училиштето. На почеток присутните гости ги поздрави директорката на Гимназијата г-ѓа Невенка Поп-Ангелова која зборуваше за делото на патронот, за неговите познати мисли кои и денес претставуваат инспирација и мотивација за вработените и учениците, да се биде подготвен , да се постигнуваат нови применливи знаења, иновативност, квалитет на целокупниот образовен процес. Таа со особена гордост ги истакна успесите на учениците и нивните ментори во минатата учебна година.

DD

Vod

Last Updated on Wednesday, December 06 2017 17:44
Read more...
 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

Креативно катче

Banner

Кажи нешто

Banner

Стани гимназијалец!!!

Banner


Кодекс за однесување на учениците

Banner

Флаер

Banner
Facebook Image

e-Journals

Youtube Channel




Wiki

Wikipedia

Go macedonian english german french italian

e-Learning

Banner

iOERc.mk

Banner

DIGITeachEUrope

Banner

Отворени едукативни ресурси

Bulletin board

Banner

State Final Exam

Banner

Duration of classes

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner