Array

Mission et objectifs

En ce temps d’un developpement technologique très rapide,la globalisation,la révolution numérique et les reformes dans l’enseignement que nous acceptons d’esprit ouvert comme un challenge, nous essayons de tenir le pas et d’être un etablissement très impliqué dans l’accompagnement des élèves vers l’acquisition de savoirs,de connaissances et de compétences solides. Pour atteindre ces objectifs et accomplir notre mission nous utilisons tous les resources et potentiels de nos enseignants et tout cadre travillant dans notre établissement en employant des méthodes innovantes proches de la nouvelle génération.

SOU Lycée “Dobri Daskalov“
Реализирани работилници и пренесено знаењето и искуството стекнати на интеркултурната размена во Троген, Швајцарија PDF Imprimer Envoyer
Vendredi, 15 Février 2019 19:26

На 14.02.2019 година се реализираа follow-up работилници во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ на Коалиција на младински организации СЕГА, подржан од детската фондација Песталоци.

Работилниците следат по реализираната 9-та по ред размена на наши ученици во Швајцарија кои во периодот од 04.12.2018 до 19.12.2018 година, учествуваа на интеркултурната размена во детското село Песталоци во Троген, Швајцарија.

Учениците учесници во размената Вероника Каровска, Драган Андреевски, Ѓорѓи Ѓиков, Иван Јосифов, Мартин Коцев, Марија Ристова, Марија Глигорова и Пане Досев и супервизор проф. по информатика м-р Зоран Милевски, пренесоа знаење и искуство кое што го стекнаа во Швајцарија на ученици од прва година од нашата гимназија.

Photo 2-14-19 12 12 49

Photo 2-15-19 01 22 26

Lire la suite...
 
Во Португалија започна реализацијата на проектот „Програма за проучување на културното наследство на земјите" PDF Imprimer Envoyer
Mardi, 12 Février 2019 17:10

Гимназијата „Добри Даскалов“ започна да го реализира Еразмус+ проектот „Програма за проучување на културното наследство на земјите" во периодот од 4 до 9 февруари 2019 година во Португалија. Проектот HELP - Heritage Education Learning Program е во рамките на програмата Еразмус+ стратегиско партнерство со рок на реализација од 2 години. Првата мобилност и средба се реализира кај партнер училиштето Agrupamento de Escolas Camilo Castelo Branco во градот Nova de Famalicão, Португалија. Во проектот учествува како партнер нашето училиште, училиштето Galatasaray Lisesi од Истанбул, Турција и Escola Secundária da Ribeira Grande од островот Ribeira Grande, Португалија.

Целта на проектот е проучување и проширување на знаењата за културните наследства на земјите со акцент на креирање на презентации, видеа и останати содржини за промоција на културните наследства.

Photo 2-7-19 09 42 44-min

Photo 2-6-19 12 27 52-min

Mise à jour le Mardi, 12 Février 2019 18:06
Lire la suite...
 
Ученици од III година во посета на ПС Кавадарци PDF Imprimer Envoyer
Mardi, 12 Février 2019 16:59

На ден ‎7-02-2019 ученици од III год од гимазија Добри Даскалов по предметот Географија беа во посета на ПС Кавадарци. На оваа посета учениците беа запознати за сообракајот во Кавадарци, возење по дејство на алкохол, мобилен итн. Предавањето беше проследено со голем интерес.

viber image

viber image2

 
Презентација и споделување на добри практики од обуките во рамките на Еразмус+ проектите PDF Imprimer Envoyer
Samedi, 02 Février 2019 11:21

На 31.01.2019 (четврток) во просториите на Гимназија „Добри Даскалов“ се одржа дисеминација пред професори од училиштето на која се споделија искуствата од обуките од Еразмус+ проектите Schools go digital – Mobile assessment tools for students и DiGiTeachEUrope – Developing digital learning environments for schools in Europe.

Презентацијата е насловена „Симфонија на учење и подучување – blended учење“. Своето искуство го споделија Директорка Невенка Поп-Ангелова, Христинка Косовска – проф. по Латински јазик, Богде Коцева – проф. по Биологија, Жанета Делова – проф. по Економски предмети и Благородна Лазова – проф. по Информатика.

На дисеминацијата беа претставени наставни методи и алатки за креирање на blended учење. Blended учењето претставува пристап кој комбинира online едукативни материјали и можности за интеракција преку интернет со традиционални методи во училницата. Тоа не е само додавање на технологија, уред или програма за туторство и не ги заменува наставниците со компјутери, туку e употреба на технологијата, поврзана со ефективна настава предводена од наставниците и студентска интеракција при што го прави учењето ‘blended’. Придобивките од ваквото учење се: давање автономија на учениците и зголемување на нивната заинтересираност, подолго ги задржува учениците фокусирани, им овозможува да учат по нивно темпо, развива истражувачки вештини, само-учење, само-залагање, одговорност, компјутерска писменост, а на наставниците им овозможува брзи и непосредни дијагностички резултати и повратна информација од учениците.

Photo 1-31-19 12 14 24

IMG 20190131 123917

Lire la suite...
 
Интервју со Дарко Стојчев – добитник на бронзен медал на меѓународната Олимпијада на природни науки во Боцвана PDF Imprimer Envoyer
Lundi, 28 Janvier 2019 11:04

Гимназијалец: Кој е Дарко Стојчев?

1. Јас сум Дарко Стојчев,  ученик во прва година во СОУ Добри Даскалов во Кавадарци. Минатата година завршив основно образование во ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“ од каде носам прекрасни спомени не само поради постигнатиот одличен успех во сите девет години поминати во училиштето, туку пред се поради желбата која ми се роди таму за учество на натпревари и за одличните резултати кои ги постигнавме со моите ментори на натпреварите на кои учествувавме. Од резултатите кои ги постигнав ке ги споменам најзначајните, почнувајќи од освоените први места по математика во петто и седмо оделение на регионалните натпревари (нема државни натпревари до осмо одделение), па се до освоените први државни награди по хемија и биологија за осмо оделение, како и првите државни награди по хемија, биологија и физика во деветто одделение.

51243214 2794905070733722 450438947185623040 n

Mise à jour le Mardi, 29 Janvier 2019 00:54
Lire la suite...
 
<< Début < Précédent 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Suivant > Fin >>

Page 1 sur 113

Креативно катче

Bannière

Кажи нешто

Bannière

Стани гимназијалец!!!

Bannière


Кодекс за однесување на учениците

Bannière

Флаер

Bannière
Facebook Image

E-presse

Youtube chaîne




Wiki

Wikipedia

Go macedonian english german french italian

E-apprentissage

Bannière

iOERc.mk

Bannière

DIGITeachEUrope

Bannière

Отворени едукативни ресурси

Tableau d'affichage

Bannière

Baccalauréat

Bannière

Durée des cours(le matin et l’après-midi)

Bannière
Bannière
Bannière
Bannière
Bannière