Array

Мисија и цел

Во време на брз технолошки развој, глобализација, информатичка револуција и реформи во образовнието, се трудиме, подготвени да го дочекаме, прифаќајќи ги промените и новонастанатите услови како предизвик, борејќи се за својата позиција и афирмација со постигнување на нови применливи знаења, квалитет, иновативност и искористување на сите внатрешни потенцијали на училиштето.

 

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“
Показна вежба – Како да постапиме во случај на замјотрес или пожар PDF Печати Е-пошта
четврток, 19 октомври 2017 20:37

Согласно Планот за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи во СОУ Гимназија“ Добри Даскалов“ – Кавадарци, заради превенција, рано предупредување и справување со ризици и опасности кои ги загрозуваат нашите ученици, вработени и објекти, на ден 19.10.2017 во училишниот двор, со почеток во 9:30 часот, се одржа показна вежба практично ракување со ПП апарат. Учесници во вежбата беа заедно учениците и наставниците. Од секој клас беше присутен претседателот на училишната заедница, а од наставниците, оние кои немаа настава.

22690029 1143382462458622 2121962999 o

Последно освежено на четврток, 19 октомври 2017 20:40
Повеќе...
 
Презентација и споделување на добри практики во рамките на учеството на нашата гимназија во Еразмус+ проектот „Развивање дигитални средини за учење за училиштата во Европа“ PDF Печати Е-пошта
четврток, 19 октомври 2017 14:31

На 18.10. 2017 год. (среда) во 13 часот во просториите на гимназијата „Добри Даскалов“ се одржа презентација и дисеминација пред професори од училиштето и се споделија искуствата во рамките на учеството на нашата гимназија во Еразмус+ проектот „Развивање дигитални средини за учење за училиштата во Европа“ (DIGITeachEUrope - Developing digital learning environments for schools in Europe).

На почетокот се презентираа планирањето на проектот, методологија на имплементација на проектот во наредниот период, начинот на комуникација помеѓу партнерите во проектот и изработувањето на продуктите од целите на проектот.

Photo 10-19-17 15 17 29

Photo 10-19-17 15 17 56

Повеќе...
 
Избран претседател на Ученичката /Младинска организација PDF Печати Е-пошта
четврток, 19 октомври 2017 09:04

На ден 12.10.2017 година (четврток) во училишната кино-сала се одржа Втората седница на Ученичката /Младинска организација со цел избор на претседател и заменик претседател во учебната 2017/2018 година.

22496901 1603319546355393 2003029022 o

Повеќе...
 
Одржана Првата конститутивна седница на Ученичката /Младинска организација PDF Печати Е-пошта
четврток, 19 октомври 2017 09:00

Во присуство на претседателите и заменици-претседатели на класови на ден 05.10.2017 година (четврток) се одржа Првата конститутивна седница на Ученичката /Младинска организација во учебната 2017/2018 година. На Првата конститутивна седница присутните беа запознати со функцијата и структурата на на Ученичката /Младинска организација, како и за начинот на избор на претседател, заменик претседател и секретар на младинската организација во нашето училиште.

22368914 1598100720210609 2116413369 o

Повеќе...
 
Реализирана Erasmus+ работилница во Германија во рамките на проектот DIGITeachEUrope PDF Печати Е-пошта
понеделник, 09 октомври 2017 16:35

Во периодот од 1 до 7 октомври 2017 год. се реализираше првата Erasmus+ работилница во Германија со партнерите на нашето училиште во рамките на проектот DIGITeachEUrope - developing digital learning environments for schools in Europe. На оваа работилница од нашето училиште присуствуваа директорката Невенка Поп-Ангелова, Христинка Косовска, проф. по латински јазик и Зоран Милевски – проф. по информатика.

Ludwig-Windthorst-Haus (LWH) во Линген, Германија беше локацијата каде што се реализираше средбата и запознавањето со партнерите од Ludwig-Windthorst-Haus, Katholisch-Soziale Akademie, Kompetenzzentrum für Lehrerfortbildung, Lingen, Germany, Clara-Schumann-Gymnasium Dülken, Viersen, Germany, PJG PITAGORA, Split, Croatia и Zespół Szkół Ponadgimnazjalnych w Sierakowicach, Sierakowice, Poland.

 P1050105 2

Последно освежено на понеделник, 09 октомври 2017 17:03
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 1 од 95

Креативно катче

Банер

Кажи нешто

Банер

Стани гимназијалец!!!

Банер


Кодекс за однесување на учениците

Банер

Флаер

Банер
Facebook Image

е-списанија

Youtube Channel




Wiki

Wikipedia

Go macedonian english german french italian

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер