Array

Mission and goal

In times of rapid technological development, globalization, information revolution and educational reforms, we try and are ready to meet by embracing the changes and emerging conditions as a chalenge, fighting for our position and affirmation with the achievement of new  applicable knowledge, quality, innovation and utilizing all internal potentials within the school.

High School "Dobri Daskalov"
Републичко првенство во карате - кати PDF Print E-mail
Tuesday, May 29 2018 08:42

На 18.05.2018 год. (петок) во Велес се одржа Републичко првенство во карате - кати. Од нашето училиште учествуваше Владанка Аврамова I-4, под менторство на проф. Блашко Клинчаров, и освои I место во конкуренција на ученици од сите средни училишта од Македонија.

Naptrevar-Baki 5-22-18

Last Updated on Tuesday, May 29 2018 08:48
 
Гостување на наш поранешен ученик, денес студент во Абу Даби PDF Print E-mail
Sunday, May 20 2018 19:02

Ѓорѓи Шемов е поранешен ученик во Гимназија „Добри Даскалов”, каде што ги заврши првите две години од средното образование. Истото го продолжи во “II. gimnazija Maribor” во Марибор, Словенија, каде што ја изучуваше програмата за меѓународна матура. Денес студира на New York University Abu Dhabi во Абу Даби, ОАЕ.

На 17.05.2018 год. во просториите на гимназијата Ѓорѓи им презентираше на учениците од трета година за своето досегашно искуство од стидирањето во странство, како стигнал до таму, и кои се предностите за студирање надвор од Македонија. Учениците имаа шанса да се запознаат со процесот на аплицирање на универзитети во Америка и Европа, притоа запазувајќи одредени рокови, полагање на соодветни тестови, и типови на апликација. Оваа презентација ќе им послужи на учениците полесно да го изберат и аплицираат универзитетот на којшто би сакале да студираат во случај да се одлучат за студирање надвор од Македонија.

Photo 5-17-18 10 45 48

Read more...
 
Гимназијалци и оваа година освоија светски признати Microsoft Office Specialist сертификати PDF Print E-mail
Sunday, May 20 2018 19:18

Ученици од гимназијата Добри Даскалов и оваа година земаа учество на светскиот натпревар Microsoft Office Specialist, организиран од Certiport Inc. Овој натпревар претставува глобален натпревар кој ги тестира вештините на учесниците во Microsoft Word®, Excel® и PowerPoint® од MS Office 2013 или MS Office 2016. Со учество на овој натпревар учениците добија одлична прилика да ги покажат своите вештини, да се забавуваат и имаат можност да ја претставуваат Македонија во светот и да стекнат големо признание.

Светскиот натпревар за Microsoft Office Specialist се оддржува 15 години по ред, секоја година во САД. Оваа година ќе се оддржи во Орландо, Флорида, САД.

Од нашето училиште под менторство на проф. по информатика м-р Зоран Милевски, учествуваа учениците Страше Наумов IV-1, Теодор Делов IV-2 и Владо Димовски IV-3. Овие ученици полагаа квалификациски натпревар и успешно го положија со што добија можност бесплатно да се натпреваруваат за официјален Microsoft Office Specialist сертификат.

На 15 мај 2018 во просториите на Certiport во Скопје полагаа официјален испит, а ученикот Страше Наумов IV-1 постигна одлични резултати и се стекна со светски признат Microsoft Office Specialist сертификат.

MOS 2018

Last Updated on Sunday, May 20 2018 22:14
 
Презентација во општина Кавадарци за зачувување на животната средина PDF Print E-mail
Sunday, May 20 2018 18:45

На ‎16-05-2018 год во просториите на општина Кавадарци по иницијатива на проф. по географија Фердинанд Чејков учениците од прва и трета година по предметот Географија од Гимназијата Добри Даскалов беа во посета на општината на презентација за зачувување на животната средина каде што имаа свое излагање инспектори од дадената област. Учениците се запознаа со загадување на воздухот, почвата,водата и нејзино неконтролирано трошење.

viber image

viber image 2

 
Ученици од II и III година во посета на Централен регистар - Кавадарци PDF Print E-mail
Sunday, May 20 2018 18:51

Учениците од клас II-7 и клас III-7 при СОУ Гимназија „Добри Даскалов" - Кавадарци на 10.05.2018 во рамките на наставниот предмет „Практична настава" , под менторство на Проф. Слободанка Стојанова и Проф. Татјана Ралевска, ги посетија просториите на Централен регистар - Кавадарци, каде тие имаа можност директно да се запознаат со условите потребни за регистрирање на фирма, за начинот на регистрирање на фирма, како и за начинот на бришење на фирма . На крајот од посетата, учениците имаа можност да поставуваат и прашања за теми што се во директна врска со работењето на Централниот регистар.

32484571 889894467861320 9188457405892001792 n

32405554 889894504527983 7615819800060624896 n

Last Updated on Sunday, May 20 2018 19:01
 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

Креативно катче

Banner

Кажи нешто

Banner

Стани гимназијалец!!!

Banner


Кодекс за однесување на учениците

Banner

Флаер

Banner
Facebook Image

e-Journals

Youtube Channel




Wiki

Wikipedia

Go macedonian english german french italian

e-Learning

Banner

iOERc.mk

Banner

DIGITeachEUrope

Banner

Отворени едукативни ресурси

Bulletin board

Banner

State Final Exam

Banner

Duration of classes

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner