Array

Mission and goal

In times of rapid technological development, globalization, information revolution and educational reforms, we try and are ready to meet by embracing the changes and emerging conditions as a chalenge, fighting for our position and affirmation with the achievement of new  applicable knowledge, quality, innovation and utilizing all internal potentials within the school.

High School "Dobri Daskalov"
ПОВИК За избор на Дете правобранител и двајца заменици на Дете правобранител PDF Print E-mail
Monday, January 29 2018 13:42

Гимназија „Добри Даскалов“ во соработка со Коалиција на младински организации СЕГА, во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ поддржан од Детската Фондација Песталоци, објавува ПОВИК За избор на Дете правобранител и двајца заменици на Дете правобранител.

Повикот е на следниот линк.

Last Updated on Monday, January 29 2018 13:49
 
Пренесено знаењето и искуството стекнато на интеркултурната размена во Троген, Швајцарија PDF Print E-mail
Saturday, January 20 2018 15:51

По престојот на интеркултурната размена во Троген, Швајцарија во периодот од 17.10.2017 година до 31.10.2017 година која се реализираше на тема детски права- антидискриминација, учениците што учествуваа на интеркултурната размена под менторство на професорката Наташа Матакова одржаа четири follow up работилници каде го пренесоа стекнатото знаење и искуство на нивните соученици. Работилниците се одржаа во периодот од 11 - 14.12.2017 година, на тема детски права (идентитет), а учествуваа ученици од прва до четврта година.

Работилницате се реализираа во позитивна атмосфера, преку различни техники и игри учесниците научија како да преминат преку неуспех, како да ги почитуваат нивните вредности, дојдоа до заклучок дека треба да ја почитуваат својата личност без разлика како не гледаат другите. 1

2

Read more...
 
Новогодишна хуманитарна акција од гимназијалците за децата со посебни потреби PDF Print E-mail
Thursday, January 04 2018 14:36

Посетата на Дневниот центар за децата со посебни потреби стана традиција за младите гимназијалци пред новогодишните и божиќните празници. Дарувајќи дел од своето срце и дел од своите таленти на овие деца им подарија љубов, внимание, насмевки и топлина. Во месец декември учениците од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ спроведоа хуманитарна акција и со собраните средства купија пригодни новогодишни подароци кои предизвикаа голема радост кај децата со посебни потреби од нашиот град.Учениците прочитаа текст за Дедо Мраз, изведоа балетки точки од театарската претстава „Сон на летната ноќ“и неколку песни во придружба на гитари од училишниот оркестар. Радоста на детските лица беше најубава глетка тој ден.Продолжија со убавата дружба што предизвика топлина во сите срца.

Photo 12-29-17 11 14 48

Photo 12-29-17 11 14 48 1

 
Под мотото „Израдувај некого" учениците од гимназијата спроведоа хуманитарна акција PDF Print E-mail
Thursday, December 28 2017 19:15

Деновиве под мотото „Израдувај некого" учениците од гимназијата Добри Даскалов спроведоа хуманитарна акција. Со паричните средства се обезбедија новогодишни пакетчиња, играчки и облека кои се донираа во Малиот групен дом. На детската радост и немаше крај. Дружењето на учениците од гимназијата и дечињата продолжи со заедничка роденденска прослава на едно од дечињата.

20171227 181219-min received 2003523599658631-min

received 2003523592991965-min 20171227 180755-min

Last Updated on Thursday, December 28 2017 19:33
 
Нашите ученици во посета на Локална Самоуправа Кавадарци PDF Print E-mail
Wednesday, December 20 2017 21:09

На ден 18.12. 2017 год, учениците од клас II-7, при СОУ "Гимназија Добри Даскалов" од Кавадарци, во рамките на наставните часови по наставниот предмет "Практична Настава" со предметниот наставник Татјана Ралевска ги посетија просториите на Локална Самоуправа- Кавадарци каде имаа можност да се запознаат со дел од дејствијата поврзани со архивската граѓа при Локална Самоуправа- Кавадарци. Учениците остварија и средба со Градоначалникот на Општина Кавадарци Господин Митко Јанчев на која средба разменија мислења и ставови за тековниот наставен процес.

Poseta-Opstina-Kavadarci

 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

Креативно катче

Banner

Кажи нешто

Banner

Стани гимназијалец!!!

Banner


Кодекс за однесување на учениците

Banner

Флаер

Banner
Facebook Image

e-Journals

Youtube Channel




Wiki

Wikipedia

Go macedonian english german french italian

e-Learning

Banner

iOERc.mk

Banner

DIGITeachEUrope

Banner

Отворени едукативни ресурси

Bulletin board

Banner

State Final Exam

Banner

Duration of classes

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner