Array

Мисија и цел

Во време на брз технолошки развој, глобализација, информатичка револуција и реформи во образовнието, се трудиме, подготвени да го дочекаме, прифаќајќи ги промените и новонастанатите услови како предизвик, борејќи се за својата позиција и афирмација со постигнување на нови применливи знаења, квалитет, иновативност и искористување на сите внатрешни потенцијали на училиштето.

 

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“
Образовна манифестација „Образовно рандеву 2017” PDF Печати Е-пошта
петок, 28 април 2017 10:06

„Образовно рандеву” е образовна манифестација со натпреварувачки карактер, организирана од МАССУМ (Младинска асоцијација на средни стручни училипта), Министерството за образование и наука, и USAID, наменета за учениците од средните стручни училишта во Република Македонија. Секоја година, СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци, преку ЛМО „Млади лидери” при Гимназијата, активно зема учество во оваа манифестација, промовирајќи го училиштето и освојува награди во одделни категории.

Образовната манифестацијата „Образовно рандеву 2017”, се одржа на 21 и 22 април 2017 година во СЕПУГС „Васил Антевски - Дрен” - Скопје. СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци, преку економско-правна и трговската струка, учествуваше на „Образовно рандеву 2017” со вкупно 40 ученици и 7 наставници-ментори: Давчева Лоска, Иванова Душанка, Станоевска Љубица, Лазова Благородна, Коцева Богде, Велков Блаже и Клинчаров Блашко, во следните категории: интервју за работа, јавно говорење, маркетинг план, најдобра WEB страна на училиште, најдобар штанд, пинг-понг, баскет, најдобра видео реклама, најдобра фотографија и најдобар филм.

20170421 111844

Последно освежено на петок, 28 април 2017 13:53
Повеќе...
 
Одбележан Денот на Планетата Земја PDF Печати Е-пошта
петок, 28 април 2017 10:00

22 Април – Светскиот ден на Планетата Земја, се одбележа и во нашето учииште. По тој повод ученици од втора година со изработка на постери се обидоа да го поттикнат создавањето на здрава животна средина преку раззеленување на населените места и поттикнување поголема свест кај сите нас за заштита на земјата.

den-planeta-zemja

Последно освежено на петок, 28 април 2017 10:05
 
Традиционално се одржа XVI Шаховското првенство PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
сабота, 06 мај 2017 00:08

На 08.03.2017 година во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ традиционално се одржа XVI Шаховското првенство. На првенството учество земаа 38 ученици од нашата гимназија под менторство на проф. по историја Горан Пановски.

Финалниот натпревар се одржа на 14.04.2017 година, каде  I место освои Ѓорѓи Ристов II-2, II место Горан Ѓерѓев III-2 и  III место Душан Петров II-1. Кај девојчињата I место освои Надица Мишева I-5, II место Милена Трикиќ II-1 и III место Марија Глигорова II-2.

0-02-05-0913314b524feaee1e3a294a9d35dd9cd3247b627e153ee70647516ec319c7cb full

18838774 10208504343037006 1390437478 o

 

 

Последно освежено на четврток, 01 јуни 2017 23:16
Повеќе...
 
Се одржа регионалниот натпревар по француски јазик PDF Печати Е-пошта
вторник, 25 април 2017 17:22

На 01.04.2017 во нашето училиште се одржа регионалниот натпревар по француски за учениците од трета година гимназија (класична и билингвална) и девето одделение “Олимпијади” 2017 во организација на Здружението на професори по француски јазик и регионалниот координатор Светлана Несторова –Мицев.

Од нашето училиште учествуваа ученичките Зорица Пендева (1 место) и Верица Ставрова (2 место) од III-1 под менторство на професорката по француски јазик Светлана Несторова –Мицев.

Според освоените поени двете ученички се пласираа на државниот натпревар што се одржа на 22.04.2017 и освоија Верица Ставрова четврто место, Зорица Пендева петто место.

Светлана Несторова-Мицев

Последно освежено на вторник, 25 април 2017 17:25
 
Ученици и професори од Curt Nikolin повторно во посета на Македонија PDF Печати Е-пошта
сабота, 22 април 2017 09:46

Од 19-25 април ученици и професори од гимназијата Curt Nikolin од Шведска повторно дојдоа во Македонија! Овие ученици и покрај тоа што имаа можност да изберат посета на повеќе европски земји, сепак се одлучија за посета на Македонија и гимназијата Добри Даскалов во Кавадарци! Убавите импресии од престојот во Кавадарци на учениците кои претходно престојуваа, заедничкото работење на проекти со постојана дружба со кавадаречките гимназијалци, природните убавини на Македонија се причина што шведските ученици избраа Кавадарци да биде нивна дестинација и се денес повторно меѓу нас.

18083905 10158635651190370 496107130 o

18053279 10158635657720370 806370598 o

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 5 од 93

Креативно катче

Банер

Кажи нешто

Банер

Стани гимназијалец!!!

Банер


Кодекс за однесување на учениците

Банер

Флаер

Банер
Facebook Image

е-списанија

Youtube Channel




Wiki

Wikipedia

Go macedonian english german french italian

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Пофалби и поплаки - Дете правобранител

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер