Mittwoch, den 29. November 2017 um 18:57 Uhr |
Проектите, иновативноста и креативноста се постојан дел од работата на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“. Секоја генерација ученици носи таленти од различни области, кои со помош на нивните ментори излегуваат пред очите на јавноста. На нивните успеси горди се професорите, учениците и родителите.
На 25 и 26 ноември во Скопје се одржа натпреварот „Ноември-месец на науката“.Ученици од нашето училиште со своите ментори, професорите по биологија и хемија , Елизабета Иговска, Богде Коцева, Магдалена Убавкова и Даница Пецова зедоа учество и се вратија со награди и признанија. Во просториите на хемискиот факултет младите гимназијалци активно се вклучија во сите активности и покажаа најдобри резултати.
|
Zuletzt aktualisiert am Mittwoch, den 06. Dezember 2017 um 17:44 Uhr |
Weiterlesen...
|
|
Donnerstag, den 07. Dezember 2017 um 18:51 Uhr |
На ден 17ти Ноември се одржа Државен натпревар за средни училишта по пинг-понг во Прилеп.На натпреварот земаа учество 30 машки и 15 женски.
Гимназијата „Добри Даскалов“ под менсторство на проф. Блажо Велков зема свое учество. Во натпреварот учествуваа ученици од прва година-Александар Стојанов и Мартин Гогов и од втора година-Ненад Петрески и Добринка Сотирова.
Ученичката од втора година Добринка Сотирова се закити со сребрен медал, играјќи во финалето се пласира на второто место. Добринка Сотирова е член на пингпонгарскиот клуб „Градба Промет“- Кавадарци и има учествувано на државни и балкански првенства, претставувајќи ја Репрезентацијата на Македонија и освоено многу награди на државни првенства и меѓународни турнири.

|
Zuletzt aktualisiert am Donnerstag, den 07. Dezember 2017 um 18:55 Uhr |
Mittwoch, den 06. Dezember 2017 um 14:52 Uhr |
Со положување на цвеќе пред бистата на патронот Добри Даскалов и свеченост во фоајето на Гимназијата се одбележа патрониот празник на училиштето. На почеток присутните гости ги поздрави директорката на Гимназијата г-ѓа Невенка Поп-Ангелова која зборуваше за делото на патронот, за неговите познати мисли кои и денес претставуваат инспирација и мотивација за вработените и учениците, да се биде подготвен , да се постигнуваат нови применливи знаења, иновативност, квалитет на целокупниот образовен процес. Таа со особена гордост ги истакна успесите на учениците и нивните ментори во минатата учебна година.


|
Zuletzt aktualisiert am Mittwoch, den 06. Dezember 2017 um 17:44 Uhr |
Weiterlesen...
|
Dienstag, den 28. November 2017 um 14:02 Uhr |
Учениците од средното училиште СОУ Гимназија „Добри Даскалов“- Кавадарци од паралелките III 6 и III 7, економско – правна и трговска струка, кои ги изучуваат предметите Економска Географија од проф. Фердинанд Чејков и Економија од проф. м- р Жанета Делова имаа можност да го посетат Музејот на вкусовите и мирисите во Кавадарци.
Овој Музеј на вкусовите и мирисите претставува посебна атракција во градот и е единствен Музеј од ваков вид во регионот. Во него има изложено 500 експонати, садови и алат кој се користел за подготовка на храната и виното во регионот од неолитот до денес.

|
Weiterlesen...
|
Montag, den 20. November 2017 um 11:10 Uhr |
Во саботата (18.11.2017) во Неготино во ООУ “Гоце Делчев”се одржа Регионалниот натпревар во спелување за учениците од втора година средно и седмооделенците од основно училиште во организација на Здружението на професори по француски јазик.
Нашето училиште успешно го претставија ученичките Марина Велковиќ од II 1 и Бранкица Несторовска од II 7 под менторство на проф.Светлана Несторова-Мицев и се пласираа на Државниот натпревар што ќе се одржи на Филолошки факултет во Скопје на 02.12.2017.
С.Несторова-Мицев

|
Weiterlesen...
|
|
|
|
<< Start < Zurück 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Weiter > Ende >>
|
Seite 6 von 102 |