Array

Mission and goal

Knowledge is one of the few things that can be given and received infinitely. The mission of all teachers is to unselfishly share the knowledge to all students who want to adopt and receive it. Our goal is to motivate students to learn by innovative methods and techniques which we constantly improve, and with the latest tools of information technology, which we constantly renew.  We create the knowledge, we transfer and implement it to all our students.

High School "Dobri Daskalov"
Учениците од II година во посета на базенот Карпош во Скопје PDF Print E-mail
Sunday, November 04 2018 18:38

На ‎3.11.2018 година (сабота) група ученици од II год при Гимназија Добри Даскалов го посетија базенот Карпош во Скопје. Учениците имаа можност 1 час да пливаат и да се дружат во топлата вода и пријатниот амбиент на базенот со олимписки димензии. Користејќи ја кратката патека од 25 м дел од учениците ја увежбуваа и ја усовршија техниката на пливање со граден стил. По завршувањето на активностите на базен учениците во своето слободно време го посетија трговскиот центар City Mall каде сто некои од нив куглаа во кугланата на истиот. Активностите беа во рамките на проектните активности на учениците по Спорт во организација на Активот по Спорт и спортски активности, а под менторство на проф Блашко Клинчаров. Во периодот кој следи и други ученици од другите години ќе имаат можност да одат на базен и да ги усовршат своите пливачки способности. Исто така со учениците кои имаат избрано проектна активност Спорт ќе се реализираат и други активности што не се опфатени со редовната настава како што се: Возење велосипеди, пешачење, планинарење, возење ролери и друго.
На пливање во базенот Карпош учествуваа 18 ученика.

Proektni sport plivanje

 
Ораторство „Сите лица на животот“ PDF Print E-mail
Thursday, November 01 2018 00:00

По повод 25 Октомври - Европски ден на граѓанската правда, учениците од Гимназија „Добри Даскалов“ подготвија програма со наслов „Сите лица на животот“, во чест на починатата професорка по правни предмети Пандорка Јосифова од нашето училиште.

„Да се сака светот и животот, да се сака и покрај страдањата, со благодарност да се прифати секој сончев зрак и дури и во болката да не се заборави на насмевката - тој принцип никогаш нема да застари и денес е повеќе од кога и да е потребен и добредојден“- со овие зборови учениците им се обратија на присутните професори и гости.

Ораторите говореа за сите лица на животот: детство, безгрижност, пријателство, хуманост, трудољубивост, алтруизам, знаење, љубов, професионалност, добрина, среќа, тага, борба...Говореа за жената, нејзината сила и кршливост, говореа за нејзините права. Преку моќта на зборот ги потсетија присутните дека најважно во животот на човекот е семејството и љубовта во него.

45390896 517711222031999 8411186917952978944 n

Read more...
 
Транснационална средба од Еразмус+ проектот RAINBOW во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ PDF Print E-mail
Tuesday, October 30 2018 20:35

Во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци се одржа транснационална средба од Еразмус+ проектот RAINBOW - Right Attitude In Building Our World во периодот од 25.10.2018 до 27.10.2018 г. На неа од учествуваа професори oд нашето училиште заедно со професори од партнерските училишта во проектот од Романија, Турција, Шпанија, Литванија, Бугарија и Италија.

На самиот почеток на средбата учесниците беа пречекани во училиштето – домаќин и на свечениот прием беа поздравени од Директорката на училиштето г-ѓа Невенка Поп-Ангелова. Директорката на училиштето воедно ги запозна учесниците со образовниот процес во училиштето, како и со историјата на истото. Во продолжение беа претставени активностите што следат во рамките на средбата.

За време на средбата учесниците дискутираа за активностите во следните работилници во Литванија и Бугарија. Потоа учесниците дискутираа за интернет страницата на проектот и ги прикачија сите материјали коишто се изработени во изминатиот период.

001

002

Read more...
 
Учениците од II-3 клас во посета на Музејот на илузии и 3Д кино Cineplexx PDF Print E-mail
Tuesday, October 30 2018 08:33

На 24.10.2018 год. (среда) учениците од II-3 клас заедно со класниот раководител Соња Попова беа во посета на Музејот на илузии и 3Д кино Cineplexx во Скопје. Минатата година во месец март (месец за борба против изостаноци) како клас имаа направено најмалку изостаноци и затоа беа наградени со превоз и еднодневна екскурзија по нивна желба. Се надеваме дека и оваа годинам месец март, ќе биде месец во кој што повеќе класови ќе успеат да го намалат на минумум бројот на изостаноци во класот.

Photo 10-29-18 19 31 37

Photo 10-29-18 19 31 47

Last Updated on Monday, November 05 2018 01:25
Read more...
 
Ученици во посета на Основниот суд во Кавадарци PDF Print E-mail
Tuesday, October 30 2018 08:48

На ден 18.10. 2018 год, учениците од II-7 клас при СОУ "Гимназија Добри Даскалов" од Кавадарци, во рамките на наставните часови по наставниот предмет" Практична Настава" со предметниот наставник Татјана Ралевска ги посетија просториите на Основниот Суд во Кавадарци , каде имаа можност да се запознаат со работата на судовите. Пред учениците, излагање имаше Претседателот на Основниот суд во Кавадарци Зоран Јосифов кој подетално ги запозна учениците со надлежностите на Основниот суд Кавадарци, како и со дејствијата поврзани со административно-техничките работи на судот. Потоа учениците имаа можност да ги посетат како просториите во граѓанскиот оддел така и просториите во кривичниот оддел.

На 25.10.2018 година на Европскиот ден за граѓанска правда учениците од ll и IVгодина, со образовен профил правен техничар при СОУ Гимназија " Добри Даскалов" Кавадарци, со Проф. Татјана Ралевска беа во посета на Основниот Суд Кавадарци. Пред учениците , свое излагање за судството во Р Македонија имаше Судијката Лилјана Ситниковска. Потоа за медијацијата и медијаторството во РМ зборуваше Медијаторката Роза Алексовска. На големо задоволство кај учениците а во согласност со законските и останатите правни прописи, тие имаа можност да следат и судска постапка од работен спор а овластен судија за овој спор беше Судијката Лилјана Ситниковска.

44968958 1024710171065991 1619984388999610368 n

Last Updated on Tuesday, October 30 2018 08:53
Read more...
 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

Креативно катче

Banner

Кажи нешто

Banner

Стани гимназијалец!!!

Banner


Кодекс за однесување на учениците

Banner

Флаер

Banner
Facebook Image

e-Journals

Youtube Channel




Wiki

Wikipedia

Go macedonian english german french italian

e-Learning

Banner

iOERc.mk

Banner

DIGITeachEUrope

Banner

Отворени едукативни ресурси

Bulletin board

Banner

State Final Exam

Banner

Duration of classes

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner