Array

Мисија и цел

Во време на брз технолошки развој, глобализација, информатичка револуција и реформи во образовнието, се трудиме, подготвени да го дочекаме, прифаќајќи ги промените и новонастанатите услови како предизвик, борејќи се за својата позиција и афирмација со постигнување на нови применливи знаења, квалитет, иновативност и искористување на сите внатрешни потенцијали на училиштето.

 

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“
Посета на Централен регистар – Кавадарци и Управа за јавни приходи – Кавадарци PDF Печати Е-пошта
недела, 04 февруари 2018 18:42

Учениците од IV-6 од економско-правна и трговска струка, економски техничар од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци, на ден 31.01.2018 година Среда, заедно со проф. м-р. Жанета Делова, ги посетија Управата за јавни приходи и Централниот регистар во Кавадарци.

Вработените во овие институции, особено во Централниот регистар изложија информации кои се и ќе бидат корисни за младите претприемачи во иднина. На учениците им беше презентирано како се отвараат фирми, за колкав временски период може да се отвори фирма, кои форми на трговски друштва може да се отвараат во Република Македонија, најбрзиот начин за основање фирма е за два дена, при што основната главнина не може да биде помала од 5.000 евра во денарска противредност. Отварањето на фирмата е бесплатно, но доколку тоа го вршат регистрациони адвокати тогаш се наплаќа одредена сума пари на адвокатот.

27786203 10213345164401464 692535898 o

Повеќе...
 
ПОВИК За избор на Дете правобранител и двајца заменици на Дете правобранител PDF Печати Е-пошта
понеделник, 29 јануари 2018 13:42

Гимназија „Добри Даскалов“ во соработка со Коалиција на младински организации СЕГА, во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ поддржан од Детската Фондација Песталоци, објавува ПОВИК За избор на Дете правобранител и двајца заменици на Дете правобранител.

Повикот е на следниот линк.

Последно освежено на понеделник, 29 јануари 2018 13:49
 
Пренесено знаењето и искуството стекнато на интеркултурната размена во Троген, Швајцарија PDF Печати Е-пошта
сабота, 20 јануари 2018 15:51

По престојот на интеркултурната размена во Троген, Швајцарија во периодот од 17.10.2017 година до 31.10.2017 година која се реализираше на тема детски права- антидискриминација, учениците што учествуваа на интеркултурната размена под менторство на професорката Наташа Матакова одржаа четири follow up работилници каде го пренесоа стекнатото знаење и искуство на нивните соученици. Работилниците се одржаа во периодот од 11 - 14.12.2017 година, на тема детски права (идентитет), а учествуваа ученици од прва до четврта година.

Работилницате се реализираа во позитивна атмосфера, преку различни техники и игри учесниците научија како да преминат преку неуспех, како да ги почитуваат нивните вредности, дојдоа до заклучок дека треба да ја почитуваат својата личност без разлика како не гледаат другите. 1

2

Повеќе...
 
Новогодишна хуманитарна акција од гимназијалците за децата со посебни потреби PDF Печати Е-пошта
четврток, 04 јануари 2018 14:36

Посетата на Дневниот центар за децата со посебни потреби стана традиција за младите гимназијалци пред новогодишните и божиќните празници. Дарувајќи дел од своето срце и дел од своите таленти на овие деца им подарија љубов, внимание, насмевки и топлина. Во месец декември учениците од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ спроведоа хуманитарна акција и со собраните средства купија пригодни новогодишни подароци кои предизвикаа голема радост кај децата со посебни потреби од нашиот град.Учениците прочитаа текст за Дедо Мраз, изведоа балетки точки од театарската претстава „Сон на летната ноќ“и неколку песни во придружба на гитари од училишниот оркестар. Радоста на детските лица беше најубава глетка тој ден.Продолжија со убавата дружба што предизвика топлина во сите срца.

Photo 12-29-17 11 14 48

Photo 12-29-17 11 14 48 1

 
Под мотото „Израдувај некого" учениците од гимназијата спроведоа хуманитарна акција PDF Печати Е-пошта
четврток, 28 декември 2017 19:15

Деновиве под мотото „Израдувај некого" учениците од гимназијата Добри Даскалов спроведоа хуманитарна акција. Со паричните средства се обезбедија новогодишни пакетчиња, играчки и облека кои се донираа во Малиот групен дом. На детската радост и немаше крај. Дружењето на учениците од гимназијата и дечињата продолжи со заедничка роденденска прослава на едно од дечињата.

20171227 181219-min received 2003523599658631-min

received 2003523592991965-min 20171227 180755-min

Последно освежено на четврток, 28 декември 2017 19:33
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 6 од 104

Креативно катче

Банер

Кажи нешто

Банер

Стани гимназијалец!!!

Банер


Кодекс за однесување на учениците

Банер

Флаер

Банер
Facebook Image

е-списанија

Youtube Channel




Wiki

Wikipedia

Go macedonian english german french italian

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер