Array

Mission et objectifs

En ce temps d’un developpement technologique très rapide,la globalisation,la révolution numérique et les reformes dans l’enseignement que nous acceptons d’esprit ouvert comme un challenge, nous essayons de tenir le pas et d’être un etablissement très impliqué dans l’accompagnement des élèves vers l’acquisition de savoirs,de connaissances et de compétences solides. Pour atteindre ces objectifs et accomplir notre mission nous utilisons tous les resources et potentiels de nos enseignants et tout cadre travillant dans notre établissement en employant des méthodes innovantes proches de la nouvelle génération.

SOU Lycée “Dobri Daskalov“
Учество на гимназијалците во Вински карневал на „Тиквешки гроздобер 2018“ PDF Imprimer Envoyer
Mercredi, 12 Septembre 2018 21:48

По повод манифестацијата „Тиквешки гроздобер-2018“, учениците од СОУ Гимназија„Добри Даскалов“ зедоа активно учество во Винскиот карневал кој се одржа на 9 септември (недела).

За збогатување на карневалското дефиле беа ангажирани повеќе гимназијалци кои со гордост го прифатија предизвикот оваа година достојно да го претстават славењето на грозјето, виното и  лозарството.

Поставката која продефилира на кавадаречкиот плоштад беше составена од соодветно костимографирани ученици со Dancing Queen.

Оваа година на учениците од драмската секција им припадна честа да го завршат карневалот со соодветен перформанс кој претставуваше прослава на виното и грозјето низ вековите до денес.

Вечерта заврши со богата културно –уметничка програма, многу забава и дружба на учениците со своите врсници.

Photo 9-13-18 15 30 28 1

Photo 9-13-18 15 29 32 1

Mise à jour le Samedi, 29 Septembre 2018 20:12
 
Добредојде за учениците во I година PDF Imprimer Envoyer
Lundi, 03 Septembre 2018 12:46

Започна новата учебна 2018/2019 година. И оваа година желбата на многу полуматуранти да го продолжат своето образование е СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци. Класните раководители на учениците во прва година им посакаа добредојде на учениците и им посакаа многу успеси во следните четири години.

Prva godina ucenici 3 sept-min

Prva godina ucenici-min

Mise à jour le Mardi, 04 Septembre 2018 17:07
 
Соопштение за почеток на наставата во новата учебна година PDF Imprimer Envoyer
Note des utilisateurs: / 4
MauvaisTrès bien 

Им се соопштува на сите ученици дека наставата во новата учебна 2018/2019 година ќе започне на 03.09.2018 година (понеделник) и тоа: за учениците од I (прва) и III (трета) година со почеток во 07:00 часот, а за учениците од II (втора) и IV (четврта) година со почеток во 10:00 часот.

Директорката и вработените на гимназијата им посакуваат успешна учебна година на сите ученици и многу успеси во текот на целата година.

Невенка Поп-Ангелова,

Директор

Stani-gimnazijalec

 
Oдржана работилница на тема: Изработка на бизнис план PDF Imprimer Envoyer
Vendredi, 13 Juillet 2018 16:48

Проф. д-р Филип Ивановски и проф. д-р Македонка Димитрова од University American College - Скопје, во соработка со Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија и Уакс институтот за претприемништво и лидерски развој, на 03.07.2018 година во Битола оддржаа работилница на тема: Изработка на бизнис план.

На едукативно богатата и креативна работилница наменета за професори, учествуваа професори од целата Република Македонија, а учество земаа и професорите од СОУ "Гимназија Добри Даскалов"- Кавадарци: Лоска Давчева, Жанета Делова и Татјана Ралевска.

36679871 10214447476158569 3113776355305586688 n

Mise à jour le Vendredi, 13 Juillet 2018 16:55
Lire la suite...
 
Реализирана обука на тема: Изработка на бизнис план. Почеток од нула! PDF Imprimer Envoyer
Vendredi, 13 Juillet 2018 16:45

Проф. д-р Македонка Димитрова од University American College - Скопје, во соработка со Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија и Уакс институтот за претприемништво и лидерски развој, на 27.06.2018 година во Кавадарци оддржа обука на тема: Изработка на бизнис план. Почеток од нула!

На оваа обука дојдоа ученици од трета година, ученици кои завршија четврта година во СОУ Гимназија Добри Даскалов, како и ученици – студенти од University American College – Скопје, вработени во одредени институции, вработени во приватен сектор итн.

36638194 10214447447397850 7299093157713543168 n

Lire la suite...
 
<< Début < Précédent 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Suivant > Fin >>

Page 8 sur 113

Креативно катче

Bannière

Кажи нешто

Bannière

Стани гимназијалец!!!

Bannière


Кодекс за однесување на учениците

Bannière

Флаер

Bannière
Facebook Image

E-presse

Youtube chaîne




Wiki

Wikipedia

Go macedonian english german french italian

E-apprentissage

Bannière

iOERc.mk

Bannière

DIGITeachEUrope

Bannière

Отворени едукативни ресурси

Tableau d'affichage

Bannière

Baccalauréat

Bannière

Durée des cours(le matin et l’après-midi)

Bannière
Bannière
Bannière
Bannière
Bannière