Array

Мисија и цел

Во време на брз технолошки развој, глобализација, информатичка револуција и реформи во образовнието, се трудиме, подготвени да го дочекаме, прифаќајќи ги промените и новонастанатите услови како предизвик, борејќи се за својата позиција и афирмација со постигнување на нови применливи знаења, квалитет, иновативност и искористување на сите внатрешни потенцијали на училиштето.

 

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“
Одржан општинскиот натпревар по математика PDF Печати Е-пошта
четврток, 04 април 2019 12:11

На 26.01.2019 во просториите на нашето училиште се одржа општинскиот натпревар по математика на кој зедоа учество ученици од СОУ „Киро Спанџов Брко“ и СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ во две категории А и Б. На натпреварот учествуваа 6 ученици од I година, 7 од II година, 1 ученик од III година и 1 ученик од IV година.

Беа постигнати следните резултати:

I година: Михаела Темелкова освои пофалница,

II година: ученикот Димитар Манчев - I награда, Андонија Тодорова, Цветанка Пасинечка и Марија Трачева со II награда, Димитар Милков и Пане Јосифов - III награда и Пане Досев - пофалница

III година: Македонка Бикова – III награда

IV година: Стефан Попов – III наградa


Последно освежено на среда, 10 април 2019 22:28
 
Се продолжува зимскиот распуст за сите ученици PDF Печати Е-пошта
недела, 20 јануари 2019 18:31

Во врска со континуирано зголемените концентрации на загадувачки честички во воздухот во повеќе градови во Република Македонија, како и метеоролошките прогнози за следните денови, Владата на Република Македонија, покрај серијата мерки со кои се веќе задолжени надлежните министерства, во функција на заштита на здравјето на децата и во функција на скратување на времето на изложеност на загадениот надворешен воздух, донесе итна мерка за продолжување на траењето на зимскиот распуст.

Одлуката се однесува на сите ученици од сите јавни и приватни основни и средни училишта во Република Македонија.

Продолжување на траењето на зимскиот распуст за сите ученици ќе трае во времетраење од два дена, заклучно со вторник, 22 јануари 2019 година.

Наставата продолжува во среда на 23 јануари 2019 година.

 
Прва работилница од Еразмус+ проектот Schools go ditital PDF Печати Е-пошта
четврток, 17 јануари 2019 18:07

Во периодот од 09.01.2019 год. – 14.01.2019 год се оддржа првата работилница од проектот Schools go ditital од Erasmus + програмata во Измир, Р.Турција, во кој учество покрај нашето училиште СОУ Гим.“Добри Даскалов“- Кавадарци земаа училишта од следниве земји: Турција, Романија, Италија и Латвија. На оваа работилница од нашето училиште учество земаа Директорката Невенка Поп-Ангелова, Христинка Косовска професор по Латински јазик, Благородна Лазова професор по Информатика и Жанета Делова професор по Економски предмети.

На оваа прва работилница се запознаа партнерите меѓусебно и разгледаа алатки за дигитално учење кои ги користат истите во своите училишта.

1

2

Повеќе...
 
Успешно реализирана по 9-ти пат Интеркултурна рамена во Троген, Швајцарија PDF Печати Е-пошта
среда, 26 декември 2018 11:40

Во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ на Коалиција на младински организации СЕГА, подржан од детската фондација Песталоци, во периодот од 04.12.2018 до 19.12.2018 година, уште еднаш ученици од нашето училиште учествуваа на интеркултурната размена во детското село Песталоци во Троген, Швајцарија.

На оваа 9-та по ред размена на наши ученици во Швајцарија учествуваа ученици од втора, трета и четврта година и тоа: Вероника Каровска, Драган Андреевски, Ѓорѓи Ѓиков, Иван Јосифов, Мартин Коцев, Марија Ристова, Марија Глигорова и Пане Досев и супервизор проф. по информатика м-р Зоран Милевски.

Photo 12-10-18 19 09 09

Photo 12-25-18 15 29 36

Повеќе...
 
Хуманитарна акција од учениците за децата во Дневниот Центар Кавадарци PDF Печати Е-пошта
среда, 26 декември 2018 15:06

Учениците преку ученичката заедница организираа хуманитарна акција со цел за заедничка дидактичка работилница со децата децата со попреченост од Дневниот Центар - Кавадарци. Како предновогодишен подарок со средствата купија дидактички играчки и заеднички ги подредуваа и размислуваа, што предизвика голема радост и интерес обострано.

Целта се исполни затоа што сите беа задоволни и среќни. Се запееја и новогодишни песни. На овој настан учествуваа и директорката Невенка Поп-Ангелова, проф. Елизабета Иговска и проф. Фиданка Илова.

Photo 12-26-18 17 09 52

Photo 12-26-18 13 39 11 2

Последно освежено на среда, 26 декември 2018 17:38
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 8 од 119

Креативно катче

Банер

Кажи нешто

Банер

Стани гимназијалец!!!

Банер


Кодекс за однесување на учениците

Банер

Флаер

Банер
Facebook Image

е-списанија

Youtube Channel




Wiki

Wikipedia

Go macedonian english german french italian

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер