Array

Mission und Zweck

In Zeiten der raschen technologischen Entwicklung, Globalisierung, Informationsrevolution und Bildungsreformen, versuchen wir bereit zu sein, durch umfassende Änderungen und neuen Bedingungen als Herausforderung, kämpfen wir für unsere Position und Anerkennung, damit erreichen wir ein neues anwendbares Wissen, Qualität, Innovation und die Nutzung aller internen Potenziale der Schule.
СОУ Гимназија „Добри Даскалов“
Одржана Првата конститутивна седница на Ученичката /Младинска организација PDF Drucken E-Mail
Donnerstag, den 19. Oktober 2017 um 09:00 Uhr

Во присуство на претседателите и заменици-претседатели на класови на ден 05.10.2017 година (четврток) се одржа Првата конститутивна седница на Ученичката /Младинска организација во учебната 2017/2018 година. На Првата конститутивна седница присутните беа запознати со функцијата и структурата на на Ученичката /Младинска организација, како и за начинот на избор на претседател, заменик претседател и секретар на младинската организација во нашето училиште.

22368914 1598100720210609 2116413369 o

Weiterlesen...
 
Реализирана Erasmus+ работилница во Германија во рамките на проектот DIGITeachEUrope PDF Drucken E-Mail
Montag, den 09. Oktober 2017 um 16:35 Uhr

Во периодот од 1 до 7 октомври 2017 год. се реализираше првата Erasmus+ работилница во Германија со партнерите на нашето училиште во рамките на проектот DIGITeachEUrope - developing digital learning environments for schools in Europe. На оваа работилница од нашето училиште присуствуваа директорката Невенка Поп-Ангелова, Христинка Косовска, проф. по латински јазик и Зоран Милевски – проф. по информатика.

Ludwig-Windthorst-Haus (LWH) во Линген, Германија беше локацијата каде што се реализираше средбата и запознавањето со партнерите од Ludwig-Windthorst-Haus, Katholisch-Soziale Akademie, Kompetenzzentrum für Lehrerfortbildung, Lingen, Germany, Clara-Schumann-Gymnasium Dülken, Viersen, Germany, PJG PITAGORA, Split, Croatia и Zespół Szkół Ponadgimnazjalnych w Sierakowicach, Sierakowice, Poland.

 P1050105 2

Zuletzt aktualisiert am Montag, den 09. Oktober 2017 um 17:03 Uhr
Weiterlesen...
 
Гимназијата Добри Даскалов – партнер во два нови проекти од програмата на Еразмус+ PDF Drucken E-Mail
Montag, den 09. Oktober 2017 um 16:24 Uhr

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ на овогодинешниот повик на програмата Еразмус+ од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност аплицираше и доби одобрене за два проекта кои ќе бидат имплементирани во училиштето во следните три години. Проектите се DIGITeachEUrope – developing digital learning environments for schools in Europe и RAINBOW - Right Attitude IN Building Our World, а координатор на проектите е Христинка Косовска, проф. по латински јазик.

Проектот DiGiTeachEUrope има главна цел да ги развие дигиталните околини за учење во училиштата во Европа. Со развојот на дигиталното општество се јавува потребата за зголемување на дигитализацијата и критичката рефлексија како важен дел од едукативните задачи и цели на училиштата во иднина. Главен фокус на проектот е обука на професорите да ги подготват учениците за сегашното и идното општество и да ги оспособат активно и одговорно да учествуваат во културниот, општествениот, политичкиот, професионалниот и економскиот сегмент од животот.

Проектот DIGITeachEUrope ги поткрепува иновативните дигитални форми на учење во европските училишта за да го обезбеди и подобри квалитетот на подучувањето со вклучување на можностите на дигиталните содржини и медиуми. Цел на проектот е развивање на соодветни материјали, алатки, апликации и отворени едукативни ресурси што би ги поткрепило наставниците да ги развијат комуникациските вештини, креативност и критичкото размислување кај учениците, како и размена на искуство и добра практика, научни, методолошки/дидактички пристап и влог.

СОУ Гимназија „Добри Даскалов “ учествува во овој проект како партнер заедно со Ludwig-Windthorst-Haus, Katholisch-Soziale Akademie, Kompetenzzentrum für Lehrerfortbildung, Lingen, Germany, Clara-Schumann-Gymnasium Dülken, Viersen, Germany, PJG PITAGORA, Split, Croatia и Zespół Szkół Ponadgimnazjalnych w Sierakowicach, Sierakowice, Poland. Проектот започна во септември 2017 и ќе трае три години на кој учествуваат наставници.

Проектот RAINBOW - Right Attitude IN Building Our World има цел обезбедување на правото за квалитетно образование на ученици од училиштата во Европа, вклучувајќи ги и оние во неповолна положба, преку пронаоѓање на наставни планови и програми, како и иновативни стратегии кои ги спојуваат формалните и неформалните методи, применети од добро обучени наставници со тимски дух, во недискриминаторска образовна средина која им овозможува на учениците да ги развијат своите социјални, граѓански, интеркултурни вештини и охрабрува слободоумност во однос на Европска и интернационална соработка. Како цел се јавува и развивањето на критичкото размислување кај учениците, борење против дискриминацијата и сегрегацијата во сите партнерски училишта со развивање кај учениците социјални, граѓански, технолошки и интекултурни вештини преку заеднички активности за времетраењето на проектот, овозможување на пристапот кон образование на ученици во неповолна положба преку спроведување на наставни програми и активности, особено прилагодени на нивните потреби.

СОУ Гимназија „Добри Даскалов “ учествува во овој проект како партнер заедно со партнерски училишта Liceul Pedagogic Nicolae Iorga, Botoșani, Romania, Ies Bezmiliana, Rincon de la Victoria, Spain, Liceo Scientifico Statale "Michelle Guerrisi", Cittanova, Italy, Santariskes Consulting Teaching Centre, Vilnius, Lithuania, Kahramanmaras Sosyal Bilimler Lisesi, Onikisubat, Turkey и High School of Economics and Finance "Vasil Levski, Dobrich, Bulgaria. Проектот започна во септември 2017 и ќе трае две години и во него учествуваат ученици и наставници.

Zuletzt aktualisiert am Montag, den 09. Oktober 2017 um 16:34 Uhr
 
Активности за светскиот ден „Ден без автомобили” PDF Drucken E-Mail
Freitag, den 29. September 2017 um 21:53 Uhr

На ден 22.09.2017 по повод светскиот ден „Ден без автомобили учениците од прва и втора година, во организација на професорите по спорт и спортски активности заедно со класните раководители од гимназијата Добри Даскалов”-Кавадарци оддржаа две активности. Едната беше возење на велосипеди до месноста моклиште, а другата пешачење до споменикот на 12 деца, се со цел да се подигне свеста за што помала употреба на автомобили. Велосипедската колона беше придружувана од полицијата за поголема безбедност во сообраќајот. Во едно во активноста беше вклучено и возило од првата помош од Кавадарци.
Оваа активност традиционално се одржува со години, а учениците од гимназијата секоја година го одбележуваат овој светски ден-
Ден без автомобили.

22163746 1572335596122005 1949388001 o

22117878 1572335519455346 295038633 o

Weiterlesen...
 
Крводарителска акција PDF Drucken E-Mail
Mittwoch, den 04. Oktober 2017 um 07:24 Uhr

На 20 септември 2017 година во нашето училиште се спроведе акција за дарување на крв за учениците од трета и четврта година.

И оваа година учениците ја искажаа својата хуманост и солидарност и несебично даруваа крв за да се спаси нечиј живот.

Акцијата беше успешно организирана и реализирана од страна на Републичкиот завод за трансфузиологија од Скопје и О.О Црвен крст од Кавадарци.

Крвта е незаменлив лек, секојдневно потребна за да се продолжат многу животи.

Zuletzt aktualisiert am Mittwoch, den 04. Oktober 2017 um 07:31 Uhr
 
<< Start < Zurück 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Weiter > Ende >>

Seite 9 von 102

Креативно катче

Banner

Кажи нешто

Banner

Стани гимназијалец!!!

Banner


Кодекс за однесување на учениците

Banner

Флаер

Banner
Facebook Image

E-Zeitschriften

Youtube Kanal




Wiki

Wikipedia

Go macedonian english german french italian

E-lernen

Banner

iOERc.mk

Banner

DIGITeachEUrope

Banner

Отворени едукативни ресурси

Schwarzes Brett

Banner

Staatsdiplom

Banner

Dauer der Unterrichtstunde

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner