Lundi, 25 Juin 2018 12:03 |
На 21,22 и 23.05.2018 година во Отешево се одржа втората работилница од Проектот „Млади репортери за животна средина“ на која учествуваа учениците од нашата Гимназија. Целта на проектот е да ги вклучи младите во општествениот живот преку лично ангажирање за одредени теми поврзани со одржливиот развој и заштитата на животната средина во нивните заедници.
На работилницата учествуваа 20 ученици и 4 ментори од 4 училишта од Македонија. Покрај нашите ученици, учество зедоа и учениците од Скопје, Берово и Гостивар.

|
Lire la suite...
|
|
Lundi, 25 Juin 2018 11:53 |
На 5 јуни 2018 година беше одбележан „Денот за заштита на животната средина“ организиран од страна на еколошкото здружение „Еко-живот“ од Кавадарци.
На овој настан учествуваа ученици од основните и средните училишта од нашиот град. Беа организирани различни еколошки активности, собирање на сметот околу брегот на Тиквешкото Езеро, пишување на еко пораки и други.

|
Lire la suite...
|
Vendredi, 08 Juin 2018 12:02 |
Осмиот регионален (западнобалкански) и прв македонски Moodle Moot се одржа на 1 и 2 јуни 2018 година во Бизнис Академија Смилевски во Битола.
Нашето училиште активно го користи системот за е-учење Мудл уште од 2010 година и затоа имаше чест да учествува на овој настан.
Организатор на првиот македонски Moodle Moot е Здружението МУДЛ Македонија (http://moodle.mk) каде што еден од основачите е м-р Зоран Милевски, проф. по информатика. На конференцијата тој имаше свое предавање на тема: Искуство во користење на е-учење Moodle во образовниот процес и можност за менаџирање со едукативни аналитики.


|
Lire la suite...
|
Mardi, 05 Juin 2018 19:37 |
На ден 04.06.2018 ученици од СОУ Гимназија "Добри Даскалов" - Кавадарци присуствуваа на Извиднички караван кој се оддржа во рамките на Сојузот на извидници на Македонија кој функционира во сите региони на државата и обединува повеќе од 2000 млади. Нашите ученици во присуство на професорите Александар Јорданов, Елизабета Бошкова, Татјана Ралевска и Жанета Делова ги следеа активностите од делот на Стреличарство, Чаталарство, Изучување на јазли, Подготовки на извиднички десерти, Подигање на мини извиднички логори, Извидничка игра и Дефинирање на скриени пораки. Учениците беа воодушевени како од самите активности, така и од пријатниот амбиент во природа што го нуди "Градскиот парк" - Кавадарци


|
Mise à jour le Mardi, 05 Juin 2018 19:41 |
Mercredi, 30 Mai 2018 21:10 |
На Државниот натпревар по биологија кој се одржа на ПМФ - Институт по биологија - Скопје, на ден 19.05.2018 год. учестуваа ученици од нашето училиште и ги постигнаа следните резултати:
Слободан Јовановиќ од I год. освои II место, Тодорка Тодорова од I год. освои III место, Мартин Гогов од I год. освои III место, Александра Кадрова од III год. пофалница, Елена Спирова од II год. пофалница, под менторство на проф. Елизабета Иговска.
Им се заблагодаруваме за несебичното залагање и учество на натпреварите и им посакуваме успеси и понатаму.


|
|
|
|
<< Début < Précédent 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Suivant > Fin >>
|
Page 9 sur 113 |