Array

Мисија и цел

Знаењето е едно од ретките нешта што можат да се даваат и да се примаат безгранично. Мисијата на сите наставници е несебично да го делат знаењето на сите ученици што сакаат да го усвојат и да го примат. Наша цел е да ги мотивираме учениците како да учат, со креативни методи и техники коишто постојано ги усовршуваме, со најновите средства на информатичката технологија, што постојано ги обновуваме. Знаењето го создаваме, го пренесуваме и го имплементираме кај сите наши ученици.

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“
Посета на ВВ „ТИКВЕШ“ PDF Печати Е-пошта
понеделник, 20 март 2017 12:17

Учениците од трета година од гимназијата Добри Даскалов во Кавадарци, кои ги следат предавањата по предметите Иновации и претприемништво, Економска географија предавани од професорот Фердинанд Чејков и Економија од професорката Жанета Делова, беа на пракса во посета на Винарската Визба Тиквеш на ден:15.03.2017 година.

Винарската визба Тиквеш АД Скопје е најголемата винарска визба во Македонија.

Почетоците на винарската визба „Тиквеш“ може да се најдат некаде кон крајот на 19 век кога повеќе угледни семејства од Тиквешијата започнале да создаваат вински подруми во кои се произведувале квалитетни вина во шишиња на чии етикети јасно се истакнува географското потекло на виното и така производството на вино продолжува до ден денешен.

17392203 10210675253175352 1652331131 n

17392025 10210675233854869 653645682 n

Повеќе...
 
Учество на финалниот натпревар CodeCup 2017 PDF Печати Е-пошта
среда, 15 март 2017 13:37

На ден 11.03.2017 година (сабота) во просториите на Универзитетот Св.„Климент Охридски“- Битола во Факултет за информатички и комуникациски технологии во Битола по втор пат се одржа финалниот настан од натпреварот CodeCup 2017- натпревар во програмирање на апликации наменет за средношколци од Република Македонија.

20170311 153118

Повеќе...
 
Дете правобранител и промоција на детските права PDF Печати Е-пошта
понеделник, 20 март 2017 11:57

На ден 07.03.2017 година Детето правобранител заедно со неговите заменици организираа отворен ден за учениците од Гимназијата „Добри Даскалов“ и на забавен и симболичен начин ги промовираа детските права. Активноста се одвиваше за време на големиот одмор кога на учениците им беа поделени чоколади на кои беа испишани нивните детски права. Учениците беа пријатно изненадени и задоволни од ваквиот начин на запознавање со детските права. Детето правобранител и неговите заменици успешно ја спроведоа активноста со која повторно успеаја да ја промовираат и да ја доближат функцијата Дете правобранител до сите ученици од нашето училиште.

 17431563 10210811418935087 1265720477 o

Повеќе...
 
Одржан општински натпревар по Биологија PDF Печати Е-пошта
среда, 22 март 2017 15:58

На 04.03.2017 година во нашето училиште се одржа Општинскиот натпревар по Биологија. На натпреварот учествуваа 25 ученици од I, II, III и IV година. Натпреварот се помина во најдобар ред , според правилата и насоките кои ни беа испратени од Председателот на Друштвото на Биолози на РМ.

Општинската комисија го организира и спроведе натпреварот . Резултатите се прегледуваат во Скопје и сеуште немаме конечен одговор за постигнувањата на нашите ученици. На учениците им пожелуваме успех , а на колегите професори кои учествуваа во организацијата и подпомогнаа за одржувањето на натпреварот им Благодариме.

Сите ученици кои што учествуваа на општинскиот натпревар, продолжуваат да се натпреваруваат и на регионалниот натпревар.

 

Последно освежено на среда, 22 март 2017 16:06
 
I место на регионалниот натпревар по германски јазик PDF Печати Е-пошта
понеделник, 06 март 2017 19:43

На 4.3.2017 год. во Битола се одржа регионален натпревар по германски јазик на кој учество зедоа ученици од Кавадарци, Велес, Прилеп, Битола, Охрид, Кичево и др. градови во овој регион. Нашата гимназија ја претставуваше ученикот Стефан Попов од II-2 клас под менторство на проф. Анастазија Костова и го освои првото место. Следната недела ќе ја претставува нашата гимназија на Државниот натпревар кој ќе се одржи во Скопје. Години наназад учениците од нашето училиште ги заземаат првите места на натпреварите по германски јазик и со тоа докажуваме дека сме едно од најдобрите училишта во државата во кое по секој предмет менторите со учениците неуморно работат. Ученикот Стефан Попов постигнува одлични резултати по сите предмети, а учествува и на повеќе натпревари, но неговата љубов кон странските јазици го потврди тоа со освоеното прво место.  Се надеваме на големи успеси и на натпреварите што следуваат.

17193785 10154422607637151 1224088731 o

17176188 1080058412139754 609466876 o

Последно освежено на вторник, 07 март 2017 11:02
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 10 од 95

Креативно катче

Банер

Кажи нешто

Банер

Стани гимназијалец!!!

Банер


Кодекс за однесување на учениците

Банер

Флаер

Банер
Facebook Image

е-списанија

Youtube Channel




Wiki

Wikipedia

Go macedonian english german french italian

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер