Array

Мисија и цел

Знаењето е едно од ретките нешта што можат да се даваат и да се примаат безгранично. Мисијата на сите наставници е несебично да го делат знаењето на сите ученици што сакаат да го усвојат и да го примат. Наша цел е да ги мотивираме учениците како да учат, со креативни методи и техники коишто постојано ги усовршуваме, со најновите средства на информатичката технологија, што постојано ги обновуваме. Знаењето го создаваме, го пренесуваме и го имплементираме кај сите наши ученици.

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“
“Multi via Media” - Проект за зајакнување на меѓуетничката комуникација PDF Печати Е-пошта
четврток, 16 декември 2010 21:32

“Multi via media” е проект којшто ке ја зајакне меѓуетничката комуникација меѓу средношколците од Македонија преку користење мултимедијални алатки. Проектот го спроведува Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во соработка со Високата школа за новинарство и односи со јавноста, Министерството за образование и наука (МОН) и Бирото за развој на образованието (БРО), а со финансиска поддршка од Амбасадата на САД во Република Македонија .

Последно освежено на понеделник, 07 февруари 2011 21:44
Повеќе...
 
Светски ден на борба против СИДА PDF Печати Е-пошта
среда, 01 декември 2010 18:33

Светскиот ден на борба против СИДА-та 1 Декември, во нашето училиште традиционално се одбележува со одредени  превентивни  активности. Оваа година  под мотото „Дејствувај свесно“ за учениците беше организирана  врсничка едукација, а во улога на пи ер едукатори беа учениците Мартина Ристеска  и Раде Гинев од IV-7, под менторство на училишниот психолог Душанка Иванова.

Последно освежено на понеделник, 03 јануари 2011 18:44
Повеќе...
 
Маѓународен фестивал на таленти - Бугарија PDF Печати Е-пошта
вторник, 30 ноември 2010 15:34

Во Банско, Бугарија, од 19. до 21. ноември се одржа  III Меѓународен фестивал на таленти „Утринска ѕвезда“. Гимназијата „Добри Даскалов“ учествуваше на овој фестивал со изведба на драмата „Техно ѕвезда“, од познатиот македонски драмски писател Томислав Османли и го освои одличното трето место.

Последно освежено на среда, 08 декември 2010 14:56
Повеќе...
 
Флаер за проектот „Еко-училиште“ PDF Печати Е-пошта
петок, 03 декември 2010 12:34

За подобро запознавање и помасовно вклучување на учениците во еко-проектот, членовите на еко-одборот изготвија флаер за учениците.

Екологијата е Ваша иднина. Станете активен учесник во програмата „Еко училиште“.

Последно освежено на петок, 03 декември 2010 14:10
Повеќе...
 
Свечено одбележан јубилејот од 65 годинишното постоење на кавадаречката Гимназија PDF Печати Е-пошта
четврток, 25 ноември 2010 21:15

Доследна на долгогодишната традиција, гимназијата „Добри Даскалов“ свечено го прослави роденденот на својот патрон. На одбележувањето на 128 години од раѓањето на македонскиот револуционерен водич, му соодветствуваа и јубилејните 65 години од постоењето на кавадаречката Гимназија.

Свечената манифестација започна на Грдскиот плоштад, со невообичаено спортско дефиле, со хулахоп игра на ученички од Гимназијата. Вртењето по ритамот на познатите светски рефрени несомнено ги задржа погледите на случајните и неслучајните минувачи. Учесниците во дефилето заедно со професорите по спорт и спортски активности,  успеаја да направат еден прекрасен спој на спортот и уметноста.

Последно освежено на недела, 24 април 2011 23:09
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 Следно > Крај >>

Страница 92 од 104

Креативно катче

Банер

Кажи нешто

Банер

Стани гимназијалец!!!

Банер


Кодекс за однесување на учениците

Банер

Флаер

Банер
Facebook Image

е-списанија

Youtube Channel




Wiki

Wikipedia

Go macedonian english german french italian

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер