Array

Мисија и цел

Во време на брз технолошки развој, глобализација, информатичка револуција и реформи во образовнието, се трудиме, подготвени да го дочекаме, прифаќајќи ги промените и новонастанатите услови како предизвик, борејќи се за својата позиција и афирмација со постигнување на нови применливи знаења, квалитет, иновативност и искористување на сите внатрешни потенцијали на училиштето.

 

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“
Одржан регионален натпревар по германски јазик PDF Печати Е-пошта
среда, 10 април 2019 07:17

На 06.04.2019 год.(сабота) со почеток во 10.00 ч. во просториите на СОУГ„Мирче Ацев“- Прилеп -се одржа регионален натпревар по германски јазик за учениците од прва и трета година од средните, во рамките на Олимпијадата по германски јазик во Република Македонија.

Право на учество имаа ученици кои посетуваат прва и трета година, кои немаат родител кој е мајчин говорител на германски јазик и немале постојан престој во земјите од германско јазично подрачје повеќе од шест месеци.

Од нашето училиште, пријавувањето го направи професорот по германски јазик Васка Таневска, кој воедно беше и ментор на учениците од прва и трета година.

На денот на одржувањето на регионалниот натпревар, учениците во категоријата на ученици од прва година Стоимчев Живко од I-4 и Темелкова Михаела од I-4, го освоија првото и второто место, а во категоријата на трета година ученичката Ѓорѓиева Марија од III-3 го освои првото место. Учениците беа упатени на натамошно натпреварување во рамките на државниот натпревар по германски јазик, кој ќе се одржи во Скопје. Учениците се здобија со дипломи за I (прво) место- Стоимчев Живко од I-4 , Ѓорѓиева Марија од III-3, и II (второ) место- Темелкова Михаела од I-5, а менторот со пофалница за учество и успешно менторство во рамките на регионалниот натпревар по германски јазик.

Regionalen-germanski

Последно освежено на среда, 10 април 2019 07:21
 
Одржан регионален натпревар по македонски јазик и литература PDF Печати Е-пошта
среда, 10 април 2019 12:59

На 06.04.2019 година во Неготино се одржа регионален натпревар по македонски јазик и литература. Учество зедоа двајца ученика од СОУ Гимназија "Добри Даскалов". Од втора година под менторство на професор Кочо Кочов се натпреваруваше ученикот Александар Стојанов, а од трета година ученичката Мартина Велковиќ под менторство на професор Гордана Еленова.

Ученичката Мартина Велковиќ освои трето место и обезбеди учество на државен натпревар.
Natprevar-makedonski
 
Продолжува неколкугодишната меѓународна успешна соработка со гимназијата „Курт Николин“ од Финспанг, Шведска PDF Печати Е-пошта
сабота, 06 април 2019 22:15

И оваа учебна година продолжува неколкугодишната меѓународна успешна соработка на Гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци со Гимназијата „Курт Николин“ од Финспанг, Шведска. Имено, во периодот од 25. март до 05. април 2019 година ученици од Гимназијата „Курт Николин“ заедно со ученици од нашата гимназија работеа на заеднички проект при што изработуваат видеа од посетите на повеќе компании од нашиот регион.

Соработката беше заокружена со завршен настан помеѓу партнерските училишта каде беа претставени продуктите на учениците од имплементирањето на проектот. На настанот со свој говор за успешната соработка се обратија Директорот на Гимназијата „Курт Николин“ од Финспанг, Андерс Содергрен и Директорката на Гимназија „Добри Даскалов“, Невенка Поп-Ангелова, како и професорот во Шведската гимназија Златко Каров. На завршниот настан Директорот Андерс Содергрен објави дека Гимназијата „Курт Николин“ од Финспанг, Шведска ќе им додели стипендии на ученици од нашата гимназија за еднонеделен престој и размена на искуство во Шведската гимназија.

Photo 4-8-19 14 54 24

Photo 4-8-19 14 54 38

Photo 4-8-19 14 55 51

Последно освежено на вторник, 09 април 2019 08:16
 
По вторпат одржана трибина на тема „Спречување на насилство во училиштата“ PDF Печати Е-пошта
недела, 14 април 2019 21:39

Со цел пораката „НЕ за насилството во училиштето“ да допре до што поголем број на ученици, самостојниот инспектор за превенција при полициската станица Кавадарци, Димитар Каракулев на 01.04.2019 година (понеделник) одржа уште една трибина на тема „Спречување на насилство во училиштата“. Трибината се одржа во кино салата на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци, а присуствуваа ученици од сите генерации. На трибината учениците добија сознанија што се претставува насилно однесување во училиштата, како да се превенира насилното однесување и кои се последиците од ваквата ситуација. Трибините се организирани во рамките на проектот „ Имплементација на Конвенцијата за детски права“ во компонентата „Имплементирање на индексот за детски права“ на Коалиција СЕГА, а во кој нашето училиште учествува од 2011 година.

57044190 832420230452922 2837972363218255872 n

Повеќе...
 
Регионален натпревар по Биологија PDF Печати Е-пошта
понеделник, 15 април 2019 21:05

На 23.03.2019 година во СОУ Гимназија ,,Кочо Рацин во Велес се одржа шестиот по ред Регионалниот натпревар по биологија. Нашите ученици и овој пат со предходно постигнатите одлични резултати на Општинскиот натпревар се пласираа на ова натпреварување.

Во нашиот ргион се натпреваруваа вкупно 65 ученици, од кои од нашето училиште СОУ Гимназија ,,Добри Даскаловвкупно учестваа 19 ученици од I,II,III и IVгодина и тоа: 6 ученици од I година, 6 ученици од II година, 6 ученици од III година и 1 ученик од IV година.

Домаќините од СОУ Гимназија ,,Кочо Рацин од Велес, срдечно ги пречекаа сите натпреварувачи и нивнте ментори, организирано и точно ги спроведоа сите активности кои беа поврзани со овој настан и на крај им посакаа на учениците уште многу успех, здравје ,среќа и можности за други вакви средби. Затоа од срце им се заблагодаруваме и им посакуваме и во иднина да се среќаваме со заеднички активности и понатамошни успеси .

Како и секогаш нашите ученици покажаа одличен успех и висок пласман меѓу училиштата во нашата држава. Учениците постигнаа високи резултати , се здобија со награди и пласман на   Државниот натпревар по биологија, кој ќе се одржи на 11.05.2019 година на Природно- математичкиот Факултет односно на Институтот за Биологија во Скопје.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 2 од 119

Креативно катче

Банер

Кажи нешто

Банер

Стани гимназијалец!!!

Банер


Кодекс за однесување на учениците

Банер

Флаер

Банер
Facebook Image

е-списанија

Youtube Channel




Wiki

Wikipedia

Go macedonian english german french italian

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер