Array

Мисија и цел

Во време на брз технолошки развој, глобализација, информатичка револуција и реформи во образовнието, се трудиме, подготвени да го дочекаме, прифаќајќи ги промените и новонастанатите услови како предизвик, борејќи се за својата позиција и афирмација со постигнување на нови применливи знаења, квалитет, иновативност и искористување на сите внатрешни потенцијали на училиштето.

 

Home Настава Уписи
Уписи PDF Печати Е-пошта

Logo Gimnazija

 

                              И Н Ф О Р М А Т О Р

 

          за упис во I година во учебната 2013/2014 година

            во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци

 

Изборот и запишувањето зависи од бројот на поените. Учениците што конкурираат  во  нашето  училиште  треба  да  имаат  минимум 60 поени.

 

1) Успехот од основното училиште може најмногу да донесе 50 поени (средниот успех од V до VIII одделение се собира, се дели со 4 и се множи со 10).

2) Успехот постигнат по четирите предмети може да донесе 20 поени (средниот успех од сите четири години од четирите предмети значајни за насоката).

  Предмети Предмети Предмети Предмети
Гимназиско образование Мајчин јазик Странски јазик Математика Историја
Економско-правна и трговска струка Мајчин јазик Странски јазик Математика Историја

3) Успехот постигнат на натпревари:

               а) меѓународни                       -  5                              

               б) републички:        I   место  -  3  поени

                                               II  место  -   2  поени       

                                               III  место  -  1  поени

 Доколку  поседува  повеќе  дипломи  се  вреднува само една - она што  носи најмногу поени.

 4) Средна вредност од поени добиени за поведение (може да добие најмногу 5 поени).

Примерното  се  вреднува  со  5  поени, доброто  со  3  поени и  незадоволителното поведение  со  0  поени.

Средната  вредност  е  збир  од  поените  за  поведението  од  петто, шесто, седмо  и  осмо  одделение  поделено  со  4.

 

Ученикот  по  сите  критериуми  утврдени  со  Конкурсот  може  да  добие  најмногу  80  поени.

 

 Корисни линкови:

  • Конкурсот за запишување ученици во учебната 2013/2014 година во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ можете да го погледнете тука.
  • Брошура за родители можете да погледнете на овој линк.
  • Информатор за наставниот план во I година можете да погледнете на овој линк.
  • Флаер - информатор за ученици и родители на овој линк.

 

Последно освежено на недела, 23 февруари 2014 19:09
 

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер