Array

Мисија и цел

Знаењето е едно од ретките нешта што можат да се даваат и да се примаат безгранично. Мисијата на сите наставници е несебично да го делат знаењето на сите ученици што сакаат да го усвојат и да го примат. Наша цел е да ги мотивираме учениците како да учат, со креативни методи и техники коишто постојано ги усовршуваме, со најновите средства на информатичката технологија, што постојано ги обновуваме. Знаењето го создаваме, го пренесуваме и го имплементираме кај сите наши ученици.

Home
Активности по повод неделата на борба против СИДАТА PDF Печати Е-пошта
вторник, 01 декември 2009 00:00

Први декември, светскиот ден на борба против СИДАТА се реализира со едукативни активности. Учениците подготвија презентација со основни и најбитни информации за ХИВ/СИДА, со нагласени превентивни пораки кои средношколците треба да ги знаат и почитуваат.


И оваа година во нашето училиште на 1 Декември, светскиот ден на борба против СИДА-та се реализираше со едукативни активности. Учениците Маја Трајкова III-7, Росана Трајкова III-7, Влатко Димитров IV-3, под менторство на училишниот психолог Душанка Иванова со мотото „ Здравје за здравјето на младите“,  подготвија презентација со основни и најбитни информации за ХИВ/СИДА, што претставува, како се развива, начинот на нејзиното пренесување, статистички податоци и секако со нагласени превентивни пораки кои средношколците треба да ги знаат и почитуваат.

Исто така беа изготвени одлични флаери за превенција од оваa засега неизлечива болест и им се поделија на учениците, а кои се надеваме дека ќе придонесат во отстранувањето на ризичното поведение и во развивањето и негувањето на здрави животни навики.

 

 

 

Последно освежено на четврток, 30 септември 2010 23:00
 

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер