Array

Мисија и цел

Во време на брз технолошки развој, глобализација, информатичка револуција и реформи во образовнието, се трудиме, подготвени да го дочекаме, прифаќајќи ги промените и новонастанатите услови како предизвик, борејќи се за својата позиција и афирмација со постигнување на нови применливи знаења, квалитет, иновативност и искористување на сите внатрешни потенцијали на училиштето.

 

Home
Mузичко-сценската изведба на македонски евергрини „Чија си? II“ PDF Печати Е-пошта
сабота, 25 декември 2010 11:47

На 22.12.2009 година (вторник) салата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ беше претесна да ги собере гостите кои дојдоа да ја почуствуваат силата на вистинската љубов, претставена во музичко-сценската изведба „Чија си?“ II.


srce
Младите гимназијалци полни со ентузијазам, ведрина и љубов создадоа извонредна позитивна енергија која никој од присутните не остави рамнодушен. Преку спојот на музиката и актерските вештини не вратија во времето на Чија си, Бакни ме, Разделби, Кажи зошто ме остави и допреа до најискреното катче на душата. Уште долго ќе се сеќаваме на зборовите: ова не е љубовна приказна, ова е приказна за љубовта, за големата, единствената, вистинската.

Нашите ученици достојно се афирмираа себе си и училиштето. Искрени честитки и голема благодарност искажуваме кон следниве ученици-учесници во „Чија си?“ II.

Блаже Мелов IV-5 -Наратор
Душица Димитрова IV-4 -Актер
Александар Мелов IV-4 -Актер
Виктор Велевски IV-7- Актер
Пепица Карадакова IV-7 -Актер
Елена Милошевиќ III-4 -Актер
Марија Николова IV-2 -Актер
Александра Колева III-2 -Актер
Марјан Костов IV-4 -Актер
Ристе Зимоски -III-5 -Актер
Игор Костов- III-1 -Актер
Ѓорѓи Златев-IV-1 -Актер
Симона Димова- III-3 -Актер
Сара Мојсова -III-5 -Актер
Дијана Мицева- III-5 -Актер
Верица Јовановска -III-5- Актер
Анета Мишева -III-1 -Актер/музички дел
Горан Ризов -III-5 -Актер
Орданче Данев- IV-4 -Актер
Борис Димов -III-6 -Музички дел
Слободанка Гркова -IV-4 -Музички дел
Кристина Манчева- IV-5 -Музички дел
Наталија Славева -II-4- Музички дел
Илија Велјанов- II-2-Музички дел
Младен Ничиќ -III-7 -Музички дел

Нараторот на приказната: „Се што ќе слушнете прераскажете, за да не се загуби магијата. А, поголема магија од љубовта не постоела и нема да постои“.
На останатите ученици им препорачуваме да ги користат своите потенцијали за нови знаења и достигнувања.

Работливоста, упорноста, истрајноста, иницијативноста нека бидат Ваши главни карактеристики. Со тие одлики ќе ги остварите саканите цели, а успесите и признанијата нема да ве одминат.
Последно освежено на сабота, 02 октомври 2010 18:42
 

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер