Знаењето е едно од ретките нешта што можат да се даваат и да се примаат безгранично. Мисијата на сите наставници е несебично да го делат знаењето на сите ученици што сакаат да го усвојат и да го примат. Наша цел е да ги мотивираме учениците како да учат, со креативни методи и техники коишто постојано ги усовршуваме, со најновите средства на информатичката технологија, што постојано ги обновуваме. Знаењето го создаваме, го пренесуваме и го имплементираме кај сите наши ученици. |
Мојот јазик - тоа сум јас |
![]() |
![]() |
![]() |
Кој си ти ако немаш свој јазик, каде ќе се потпреш, кому ќе се обратиш? Го негуваш ли, го чуваш ли, знаеш ли колку вреди тој?
Сврти се назад погледни во корените на минатото црна темнина, црна владеела сите ги покрила да не можеш да твориш и зборуваш на јазикот свој ти не би бил тој.
Вие наши сесловенски браќа Кирил и Методи го осветливте времето на незнаењето азбука вие ни створивте, патот во иднината ни го отворивте.
Гордо ги изговорам имињата Константин Миладонов, Кочо Рацин, Григор Прличев, кои упорно, творејќи, ја продолжија низата на македонските дела.
Во вашите текстови,песни во стих Сè уште се чуствува вашиот глас тих.
За нас Македонците единствен, за навек останува непроменлив тој наш македонски јазик.
А, ти мало чедо, учи го јазикот од твојот дедо, бидејќи тој е многу вреден, без него ти си никој и ништо,туѓинец беден.
Мојот јазик-моето семе спомен од прадедовците и нивното време дел од мојата душа, срце, моето јас. Горда сум со него јас и тоа ќе го кажам на цел глас!
Павлинка Ташева, I4
|
Последно освежено на вторник, 25 октомври 2016 22:38 |