Знаењето е едно од ретките нешта што можат да се даваат и да се примаат безгранично. Мисијата на сите наставници е несебично да го делат знаењето на сите ученици што сакаат да го усвојат и да го примат. Наша цел е да ги мотивираме учениците како да учат, со креативни методи и техники коишто постојано ги усовршуваме, со најновите средства на информатичката технологија, што постојано ги обновуваме. Знаењето го создаваме, го пренесуваме и го имплементираме кај сите наши ученици. |
Ученици и професори од Curt Nikolin повторно во посета на Македонија |
![]() |
![]() |
![]() |
сабота, 22 април 2017 09:46 |
Од 19-25 април ученици и професори од гимназијата Curt Nikolin од Шведска повторно дојдоа во Македонија! Овие ученици и покрај тоа што имаа можност да изберат посета на повеќе европски земји, сепак се одлучија за посета на Македонија и гимназијата Добри Даскалов во Кавадарци! Убавите импресии од престојот во Кавадарци на учениците кои претходно престојуваа, заедничкото работење на проекти со постојана дружба со кавадаречките гимназијалци, природните убавини на Македонија се причина што шведските ученици избраа Кавадарци да биде нивна дестинација и се денес повторно меѓу нас.
По топлото добредојде во просториите на СОУ Гимназија Добри Даскалов од страна на директорката Невенка Поп-Ангелова , шведските ученици и кавадаречките гимназијалци се упатија на градскиот стадион каде заеднички го поминаа денот во игра. Професорите од Финсбанк реквизитите од играта ги оставија на користење на кавадаречките гимназијалци. Блаже Велков проф по спорт и спортски активности се заблагодари на доделените реквизити и ќе настојува повремено да ги искористи и да ги запознае нашите ученици со традиционални шведски игри. Ова претставува инспирација да се продолжи да се истражува и запознава со нови традиционални игри од други земји. |