Знаењето е едно од ретките нешта што можат да се даваат и да се примаат безгранично. Мисијата на сите наставници е несебично да го делат знаењето на сите ученици што сакаат да го усвојат и да го примат. Наша цел е да ги мотивираме учениците како да учат, со креативни методи и техники коишто постојано ги усовршуваме, со најновите средства на информатичката технологија, што постојано ги обновуваме. Знаењето го создаваме, го пренесуваме и го имплементираме кај сите наши ученици. |
Гимназијалците освоија светски признати Microsoft Office Specialist сертификати |
![]() |
![]() |
![]() |
среда, 26 април 2017 19:49 |
Ученици од гимназијата Добри Даскалов оваа година земаа учество на светскиот натпревар Microsoft Office Specialist, организиран од Certiport Inc. Овој натпревар претставува глобален натпревар кој ги тестира вештините на учесниците во Microsoft Word®, Excel® и PowerPoint® од MS Office 2013 или MS Office 2016. Со учество на овој натпревар учениците добија одлична прилика да ги покажат своите вештини, да се забавуваат и имаат можност да ја претставуваат Македонија во светот и да стекнат големо признание. Светскиот натпревар за Microsoft Office Specialist се оддржува 14 години по ред, секоја година во САД. Оваа година ќе се оддржи во Дизниленд, Лос Анџелес, Калифорнија. Од нашето училиште под менторство на проф. по информатика м-р Зоран Милевски, учествуваа учениците Страше Наумов III-1, Теодор Делов III-2, Трајче Белевски III-4, Борис Мишов III-4, Славе Темков IV-3 и Борис Станоев IV-3. Овие ученици полагаа квалификациски натпревар и успешно го положија со што добија можност бесплатно да се натпреваруваат за официјален Microsoft Office Specialist сертификат. На 26 април 2017 во просториите на Certiport и Semos едукација во Скопје учениците Страше Наумов III-1, Теодор Делов III-2, Славе Темков IV-3 и Борис Станоев IV-3 постигнаа одлични резултати и се стекнаа со светски признат Microsoft Office Specialist сертификат. Со тоа добија можност да влезат помеѓу 30-те најдобри во Македонија. |
Последно освежено на среда, 26 април 2017 20:11 |