Array

Мисија и цел

Знаењето е едно од ретките нешта што можат да се даваат и да се примаат безгранично. Мисијата на сите наставници е несебично да го делат знаењето на сите ученици што сакаат да го усвојат и да го примат. Наша цел е да ги мотивираме учениците како да учат, со креативни методи и техники коишто постојано ги усовршуваме, со најновите средства на информатичката технологија, што постојано ги обновуваме. Знаењето го создаваме, го пренесуваме и го имплементираме кај сите наши ученици.

Home
„Стани Гимназијалец“ – презентација за полуматурантите PDF Печати Е-пошта
среда, 17 мај 2017 20:06

На 16.5.2017 год. (вторник) во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци пред учениците од деветто одделение од Кавадарци и Росоман беше направена презентација на гимназијата под мотото „Стани Гимназијалец“.

На овој настан учениците полуматуранти беа запознати со наставните планови и програми на гимназијата, како и наставните методи и вонучилишните активности преку кои учениците го доусовршуваат своето знаење. Презентирани беа успесите од учествата на натпревари, освоени наград, признанија.

Стани Гимназијалец им порачаа гимназијалците на идните средношколци – на прагот сте на вистинската животна одлука, затоа размислете добро и одберете правилно...

На презентацијата беше изведена и средношколска претстава „High School Musical“ која освои високи награди на меѓународни наптревари.

На крајот учениците беа поканети да присуствуваат на отворениот ден кој ќе се одржи на 23 мај (вторник) од 10 до 12 часот во гимназијата.

Photo 5-16-17 12 04 22 PM

Photo 5-16-17 12 49 19 PM

Photo 5-16-17 12 12 52 PM

Photo 5-16-17 12 16 43 PM

Photo 5-16-17 12 17 18 PM

Photo 5-16-17 12 21 02 PM

Photo 5-16-17 12 21 15 PM

Photo 5-16-17 12 24 29 PM

Photo 5-16-17 12 32 09 PM

Photo 5-16-17 12 41 32 PM

Photo 5-16-17 12 42 23 PM

 

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер