Array

Мисија и цел

Знаењето е едно од ретките нешта што можат да се даваат и да се примаат безгранично. Мисијата на сите наставници е несебично да го делат знаењето на сите ученици што сакаат да го усвојат и да го примат. Наша цел е да ги мотивираме учениците како да учат, со креативни методи и техники коишто постојано ги усовршуваме, со најновите средства на информатичката технологија, што постојано ги обновуваме. Знаењето го создаваме, го пренесуваме и го имплементираме кај сите наши ученици.

Home
Богат викенд со награди од Државните натпревари за учениците од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ PDF Печати Е-пошта
четврток, 25 мај 2017 10:24

Викендот што помина беше богат со награди за учениците од гимназијата „Добри Даскалов“. Во саботата на 20.05.2017 год. беа одржани Државните натпревари по предметите македонски јазик и биологија и беше одржан Државниот наптревар на детски и младински хорови и оркестри.

Во Прилеп, беше одржан XXIX Државен натпревар по македонски јазик за средните училишта каде што ученичката Елена Ридова од III година под менторство на професорката Ристенка Јосифова го освои I место.

Photo 5-22-17 10 34 07 AM

Во Скопје, на Државниот натпревар по биологија ученичката Анастасија Илоска од I година под менторство на професорката Богде Коцева го освои III место.

Во Кавадарци, на Државниот натпревар на детски и младински хорови и оркестри, училишниот оркестар под менторство на професор Драган Вељковиќ го освои I место, а хорот исто така предводен од професор Драган Вељковиќ го освои II место.

Последно освежено на четврток, 25 мај 2017 10:35
 

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер