Array

Мисија и цел

Знаењето е едно од ретките нешта што можат да се даваат и да се примаат безгранично. Мисијата на сите наставници е несебично да го делат знаењето на сите ученици што сакаат да го усвојат и да го примат. Наша цел е да ги мотивираме учениците како да учат, со креативни методи и техники коишто постојано ги усовршуваме, со најновите средства на информатичката технологија, што постојано ги обновуваме. Знаењето го создаваме, го пренесуваме и го имплементираме кај сите наши ученици.

Home
Реализирана Erasmus+ работилница во Германија во рамките на проектот DIGITeachEUrope PDF Печати Е-пошта
понеделник, 09 октомври 2017 16:35

Во периодот од 1 до 7 октомври 2017 год. се реализираше првата Erasmus+ работилница во Германија со партнерите на нашето училиште во рамките на проектот DIGITeachEUrope - developing digital learning environments for schools in Europe. На оваа работилница од нашето училиште присуствуваа директорката Невенка Поп-Ангелова, Христинка Косовска, проф. по латински јазик и Зоран Милевски – проф. по информатика.

Ludwig-Windthorst-Haus (LWH) во Линген, Германија беше локацијата каде што се реализираше средбата и запознавањето со партнерите од Ludwig-Windthorst-Haus, Katholisch-Soziale Akademie, Kompetenzzentrum für Lehrerfortbildung, Lingen, Germany, Clara-Schumann-Gymnasium Dülken, Viersen, Germany, PJG PITAGORA, Split, Croatia и Zespół Szkół Ponadgimnazjalnych w Sierakowicach, Sierakowice, Poland.

 P1050105 2

IMG 5378

На официјалното отворање на проектот сите присутни беа поздравени од директорот на LWHDr. Michael Reitmeyer, Petra Lübbers од одделот за образование во Линген и Heinz Tellmann градоначалникот на Линген.

Најпрво беа споделени искуствата на сите партнери во учество на претходни проекти, беше разговарано и за целта која што треба да ја постигнат сите партнери во текот на следните три години за времетраењето на проектот.

IMG 4869

IMG 5030

Видео презентации беа презентирани од сите партнери. Видео презентацијата од нашата гимназија можете да ја погледнете на следниот линк.

Првата работилница беше предводена од професори од средното училиште Clara-Schumann-Gymnasium od Dülken. Презентиран беше моделот SAMR – Substitution, Augmentation, Modification and Redefinition, кој што се користи за мерење на нивото на интеграција на технологијата во средината за учење.

Практично беше реализирана и работилницата за 4 Cs од моделот за учење во 21 век – Critical thinking, communication, collaboration and creativity. Покрај тоа се стави акцент и на начинот на учење, базиран на креирање на видео содржини. За овие работилници беа ангажирани експерти од Германија.

IMG 4878 received 10159485982995370

IMG 5078 crtez 1

Една од важните чекори за подобрување на процесот на учење е добивањето на повратна информација од учениците, па поради тоа беа презентирани и алатки кои што можат да ги користат наставниците во процесот на едукација.

Дигитална мултимедија и ефективно предавање и учење беа дел од темите на кои што се разговараше и како многу важен концепт беше претставен и концептот на Prof. Wahl за ефективно предавање и учење.

Во текот на периодот што следува сите партнери, користејќи концепти за ефективно предавање и учење, ќе креираат отворени едукативни ресурси и ќе биде креирана посебна платформа каде што тие ќе се споделуваат. Со тоа ќе се овозможи зголемување и подобрување на материјалите за учење кои што ги користат наставниците на своите часови, а учениците ќе добијат палета на корисни едуктативни содржини, креирани со најнови алатки кои обезбедуваат поголемо усвојување на материјалот со користење на успешни методи и поголема интеракција на учениците во процесот на совладување на едукативни содржини.

P1050100 1

IMG 5248

171002 start-erasmus-digiteacheurope-2

Последно освежено на понеделник, 09 октомври 2017 17:03
 

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер