Array

Mission and goal

In times of rapid technological development, globalization, information revolution and educational reforms, we try and are ready to meet by embracing the changes and emerging conditions as a chalenge, fighting for our position and affirmation with the achievement of new  applicable knowledge, quality, innovation and utilizing all internal potentials within the school.

Home
Доделени наградите за Конкурсот по повод 31 Октомври - Светски ден на штедењето PDF Print E-mail
Monday, November 06 2017 16:37

На конкурсот објавен од Народна банка на Република Македонија, Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурување, по повод Светскиот ден на штедењето – 31 Октомври, учество од СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци зеде ученичката Мартина Нанева од II–6 клас, економско-правна и трговска струка, профил: економски техничар, под менторство на професорката по економски предмети, Лоска Давчева.

23377020 1514461885298860 983754898 o  23336250 1514452128633169 1623745153 o

 Од пријавени вкупно 780 литературни и ликовни творби (од кои 310 литературни) на теми: „И јас умеам да штедам” и „Што значи за мене осигурувањето на домот и семејството”, наградени се 24. Литературната творба - песна на ученичката Мартина Нанева беше наградена во категоријата „Што значи за мене осигурувањето на домот и семејството”, за што ученичката доби диплома и парична награда – штеден влог од 3.000 денари во која било банка во Република Македонија.

23377303 1514452181966497 450809309 o

Целта на конкурсот беше да се поттикне финансиска култура кај учениците уште од најрана возраст, со цел да се развие интересот за штедење и осигурување, како основни услови за стабилен долгорочен развој на финансискиот ситем на државата. На манифестацијата на доделување на дипломите, што се одржа на 06.11.2017 година во Министерството за финансии, говор одржаа Гувернерот на Народна банка, Димитар Богов, Министерот за финансии, Драган Тевдовски и Претседателот на Советот на експерти, Климе Попоски.

Прилогот го подготви:

Лоска Давчева, професор по економски предмети

23336202 1514452008633181 1501984528 o

Last Updated on Monday, November 06 2017 16:42
 

e-Learning

Banner

iOERc.mk

Banner

DIGITeachEUrope

Banner

Отворени едукативни ресурси

Bulletin board

Banner

State Final Exam

Banner

Duration of classes

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner