Array

Мисија и цел

Знаењето е едно од ретките нешта што можат да се даваат и да се примаат безгранично. Мисијата на сите наставници е несебично да го делат знаењето на сите ученици што сакаат да го усвојат и да го примат. Наша цел е да ги мотивираме учениците како да учат, со креативни методи и техники коишто постојано ги усовршуваме, со најновите средства на информатичката технологија, што постојано ги обновуваме. Знаењето го создаваме, го пренесуваме и го имплементираме кај сите наши ученици.

Home За Нас Во Шпанија се одржа прва воведна средба од проектот RAINBOW
Во Шпанија се одржа прва воведна средба од проектот RAINBOW PDF Печати Е-пошта

Во периодот од 31.10.2017 до 03.11.2017 во Малага, Шпанија се одржа прва воведна средба од проектот RAINBOW – Right attitude In building our world кој се имплементира во гимназијата од септември 2017 година и ќе трае во наредниот период од две години. Средбата се одржа во училиштето IES Bezmiliana, Ринкон де ла Викторија, Малага, Шпанија.

001

Целта на оваа средба беше планирање на следните чекори за имплементација на проектот во училиштата - партнери. Во рамките на оваа средба беа прецизирани датумите на наредните работилници во проектот, како и методологијата на имплементација на проектот во наредниот период, начинот на комуникација и изработувањето на продуктите од целите на проектот.

002

003  

На неа учествуваа претставници од училиштата – партнери од Македонија, Шпанија, Романија, Италија, Турција, Литванија и Бугарија. Од Гимназија „Добри Даскалов“ присуствуваа Христинка Косовска, проф. по латински јазик, Благородна Лазова, проф. по информатика и Александра Ристова, проф. по правни предмети. Учесниците на оваа средба се здобија со сертификати за учество. 

004

005

 

 

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер