Array

Мисија и цел

Во време на брз технолошки развој, глобализација, информатичка револуција и реформи во образовнието, се трудиме, подготвени да го дочекаме, прифаќајќи ги промените и новонастанатите услови како предизвик, борејќи се за својата позиција и афирмација со постигнување на нови применливи знаења, квалитет, иновативност и искористување на сите внатрешни потенцијали на училиштето.

 

Home
Гимназијалците со највисоки награди во месецот на науката PDF Печати Е-пошта
среда, 29 ноември 2017 18:57

Проектите, иновативноста и креативноста се постојан дел од работата на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“. Секоја генерација ученици носи таленти од различни области, кои со помош на нивните ментори излегуваат пред очите на јавноста. На нивните успеси горди се професорите, учениците и родителите.

На 25 и 26 ноември во Скопје се одржа натпреварот „Ноември-месец на науката“.Ученици од нашето училиште со своите ментори, професорите по биологија и хемија , Елизабета Иговска, Богде Коцева, Магдалена Убавкова и Даница Пецова зедоа учество и се вратија со награди и признанија. Во просториите на хемискиот факултет младите гимназијалци активно се вклучија во сите активности и покажаа најдобри резултати.

Photo 11-27-17 12 14 53

 Photo 11-27-17 12 14 54 1

nauka

Преку иновативен пристап на полето на науката, учениците изработија модели, збирки и изведуваа експерименти и демонстрации. Предизвикаа исклучително внимание помеѓу натпреварувачите и стручната комисија.

Ученикот од прва година, Слободан Јовановиќ го освои првото место за проектот -биоразновидности и систематика на дневни пеперутки и молци, исклучителна збирка од пеперутки со претставници од четири континенти.Ученикот се претстави со микроскопски препарати и слики. Ученичката од трета година, Павлинка Ташева, учествуваше со модел - скелет на човек, изработка од хартија. За своето дело доби позитивни критики и сертификат.

Photo 11-27-17 12 14 52 2

Photo 11-27-17 12 14 52 1

Учениците од прва година, Софија Секуловска и Рената Попова освоија прво место за изведување на експериментот-каталитичко разложување на водороден пероксид ( хемиски дух од ламба).Учениците од трета година, Ѓорѓи Ристов и Лука Ристов добија сертификат за експериментот димна бомба.

Младите гимназијалци покажаа дека имаат натпреварувачки дух, дека имаат голем истражувачки потенцијал на полето на науката и желба за уште поголеми успеси во иднина. СОУ Гимназија„Добри Даскалов“ е училиште кое секогаш ги поддржува креативноста, работливоста, знаењето и успесите на своите ученици.Честитки до наградените ученици и нивните ментори.

Photo 11-27-17 12 14 53 1

Photo 11-27-17 12 14 51 1

Photo 11-27-17 12 14 52

Последно освежено на среда, 06 декември 2017 17:44
 

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер