Array

Мисија и цел

Знаењето е едно од ретките нешта што можат да се даваат и да се примаат безгранично. Мисијата на сите наставници е несебично да го делат знаењето на сите ученици што сакаат да го усвојат и да го примат. Наша цел е да ги мотивираме учениците како да учат, со креативни методи и техники коишто постојано ги усовршуваме, со најновите средства на информатичката технологија, што постојано ги обновуваме. Знаењето го создаваме, го пренесуваме и го имплементираме кај сите наши ученици.

Home Настава Државен натпревар за средни училишта по пинг понг во Прилеп
Државен натпревар за средни училишта по пинг понг во Прилеп PDF Печати Е-пошта

На ден 17ти Ноември се одржа Државен натпревар за средни училишта по пинг-понг во Прилеп.На натпреварот земаа учество 30 машки и 15 женски.

Гимназијата „Добри Даскалов“ под менсторство на проф. Блажо Велков зема свое учество. Во натпреварот учествуваа ученици од прва година-Александар Стојанов и Мартин Гогов и од втора година-Ненад Петрески и Добринка Сотирова.

Ученичката од втора година Добринка Сотирова се закити со сребрен медал, играјќи во финалето се пласира на второто место. Добринка Сотирова е член на пингпонгарскиот клуб „Градба Промет“- Кавадарци и има учествувано на државни и балкански првенства, претставувајќи ја Репрезентацијата на Македонија и освоено многу награди на државни првенства и меѓународни турнири.

24946184 1739289219417475 539008169 o

Последно освежено на четврток, 07 декември 2017 18:55
 

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер