Array

Mission et objectifs

En ce temps d’un developpement technologique très rapide,la globalisation,la révolution numérique et les reformes dans l’enseignement que nous acceptons d’esprit ouvert comme un challenge, nous essayons de tenir le pas et d’être un etablissement très impliqué dans l’accompagnement des élèves vers l’acquisition de savoirs,de connaissances et de compétences solides. Pour atteindre ces objectifs et accomplir notre mission nous utilisons tous les resources et potentiels de nos enseignants et tout cadre travillant dans notre établissement en employant des méthodes innovantes proches de la nouvelle génération.

Home
Работилница од Еразмус+ проектот RAINBOW во Ботошани, Романија PDF Imprimer Envoyer
Mardi, 19 Décembre 2017 15:07

Во периодот од 11.12.2017 до 15.12.2017 г. професори и ученици од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци учествуваа на работилница во Романија во рамките на Еразмус+ проектот RAINBOW – Right Attitude IN Building Our World. Работилницата се одржа во Средното педагошко училиште Nicolae Iorga, во Ботошани, Романија и на неа учествуваа професори и ученици од училиштата партнери од Македонија, Романија, Италија, Турција, Шпанија, Литванија и Бугарија. Работилницата беше на тема планетата Земја. На неа учествуваа Христинка Косовска, проф. по латински јазик, Наде Сирмевска, проф. по математика и ученичките Анастасија Костова и Павлинка Ташева.

001

Свечен прием на учесниците и почетокот на работилницата се одржа во Историскиот музеј на град Ботошани каде пригоден говор одржаа училишниот инспектор Mighiu Rodica и директорката на училиштетот домаќин Mirela-Ofelia Sănduleanu.

Во рамките на работилницата учесниците имаа можност пред другите да се претстават себеси, училиштето и земјата од каде доаѓаат, да се запознаат со образовниот систем на училиштето домаќин и неговите простории и наставни средства. Во текот на работилницата учениците учествуваа во активности од областа на науката, уметноста, литературата, географијата, историја и резултатите од нивните активности беа презентирани последниот ден од работилницата. Професорите учествуваа на работилници за проектирање и имплементирање на воннаставни активности од областите од проектот, како и за дизајнирање на активности на меѓународните клубови во кои ќе учествуваат учениците од училиштата партнери во проектот RAINBOW.

IMG-20171212-WA0001 - Copy  24993255 10155939993884371 5636204016593835167 n

Дел од програмата на работилницата беа и две научни екскурзии. На научната екскурзија „Земја – литература, наука, цивилизација“ учесниците на работилницата имаа можност да посетат две лаборатории на Факултетот за физика на Универзитетот Alexandru Ioan Cuza во Јаши, Романија каде присуствува на две предавања, како и на предавање за планетите и Сончевиот систем во Планетариумот на истиот Универзитет. На предавањата во лабораториите на Факултетот за физика учесниците беа запознати со користењето на ласерската технологија во разновидни случаи, науки и индустрии, како и присуствуваа на демонстрирање на работата на ласер, а на другото предавања беа запознати со претворањето на топлинската енергија во механичка, а потоа механичката во електрична, за што видоа опити од неколку примери на примена. Потоа ги посетија и музеите во Палатата на културата во Јаши – Музеј на уметноста и Музеј на науките Ștefan Procopiu, како и Националната Романска опера и Националниот театар во Јаши.

received 940315426119947

image-0-02-04-67f2f92434dc54628f86717aebfe9f0af0797c7f360e251aca08f95b03073439-V

Во рамките на научната екскурзија „Земја – историја, географија, популарна уметност и наука“ учесниците ги посетија музеите во Тврдината на Стефан III Молдавски (Великиот), етно-музејот Село Буковина (во Сучеава) и Музејот на украсување и сликање на јајца во Вама, Буковина, музеј со извонредна колекција од разновидни традиции и култури. За време на оваа научна екскурзија учесниците имаа можност да ја разгледаат природата на планината Ciumarna на надморска височина од 1520 m.

Учесниците на работилницата се здобија со сертификати за успешно завршување на обуката.

image-0-02-05-25ebf37ecb9df8b9274e12d93b8951ff5819fd83c090527eca06aa6ded19b6a4-V

IMG 3621

IMG 3375

IMG-20171212-WA0016

Mise à jour le Mardi, 19 Décembre 2017 15:16
 

E-apprentissage

Bannière

iOERc.mk

Bannière

DIGITeachEUrope

Bannière

Отворени едукативни ресурси

Tableau d'affichage

Bannière

Baccalauréat

Bannière

Durée des cours(le matin et l’après-midi)

Bannière
Bannière
Bannière
Bannière
Bannière