Array

Mission and goal

In times of rapid technological development, globalization, information revolution and educational reforms, we try and are ready to meet by embracing the changes and emerging conditions as a chalenge, fighting for our position and affirmation with the achievement of new  applicable knowledge, quality, innovation and utilizing all internal potentials within the school.

Home
Сторија за пеперутките PDF Print E-mail
Wednesday, December 20 2017 21:07

На ден 06.12.2017 год.(среда) во кино-салата во гимназија„Добри Даскалов“ се одржа презентација на колекција од пеперутки и молци од ученикот Слободан Јовановиќ. Ученикот освои прва награда на натпреварот„Ноември-месец на науката“, на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Презентацијата опфати истражувачки карактеристики на голем број примероци кои се дел од неговата богата колекција од сите континенти на Земјата.

Ученикот детално ја објасни анатомската градба,физиологијата, начинот на исхрана, размножувањето, метаморфозата на пеперутките и нивниот краток век на живеење.

Презентацијата со внимание ја следеа ученици од I, II и III година.На поставените прашања Слободан даде сигурни и опширни одговори, а тоа е знак дека со голема љубов и ентузијазам овој ученик го направил своето истражување.

Ова треба да биде пример и мотивација за сите ученици дека љубовта, упорноста, интересот, работата и желбата секогаш се проследени со успех.

Сите кои сакаат да дознаат нешто повеќе за ова интересно хоби на Слободан, но и за симболиката на пеперутките можат да го погледнат видеото„Сторија за пеперутките“ на веб страната на училиштето.Видеото го изработија учениците од четврта година: Пепита Манџикоска, Тодор Димов, Драган Гогов и Ангела Китанова.

Last Updated on Thursday, December 21 2017 12:37
 

e-Learning

Banner

iOERc.mk

Banner

DIGITeachEUrope

Banner

Отворени едукативни ресурси

Bulletin board

Banner

State Final Exam

Banner

Duration of classes

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner