Array

Мисија и цел

Во време на брз технолошки развој, глобализација, информатичка револуција и реформи во образовнието, се трудиме, подготвени да го дочекаме, прифаќајќи ги промените и новонастанатите услови како предизвик, борејќи се за својата позиција и афирмација со постигнување на нови применливи знаења, квалитет, иновативност и искористување на сите внатрешни потенцијали на училиштето.

 

Home
Продолжува реализацијата на Еразмус+ проектот DIGITeachEUrope во Сплит, Хрватска PDF Печати Е-пошта
понеделник, 12 март 2018 18:19

Во периодот од 1 до 7 март 2018 год. се реализираше втората Еразмус+ работилница во Сплит, Хрватска со партнерите на нашето училиште од Хрватска, Германија и Полска, а во рамките на проектот DIGITeachEUrope - Developing digital learning environments for schools in Europe. На оваа работилница од нашето училиште присуствуваа Христинка Косовска, проф. по латински јазик и м-р Зоран Милевски – проф. по информатика.

Тема на II работилница од Еразмус+ проектот DIGITe@chEUrope беше Идентификација и развој на надарени ученици.

Од 1 до 3 март учесниците присуствуваа на Конференцијата „Предизвици во работата со надарени ученици“ организирана од Центарот на извонредност од Сплитско-Далматинскиот округ на која имаше предавачи од Хрватска и Израел.

Photo 3-2-18 14 35 42

28424167 1901080246593331 8887189513086849351 o

На Конференцијата се стави акцент на препознавањето на надарени ученици и градењето средини за поттикнување на развој на надареноста, карактеристиките на нивниот психолошки развој, предизвикот и важноста на мотивирање на надарените ученици, препораките за наставни форми и стратегии, облици на воспитно-образовна подршка на надарени ученици, примери и предлози за во иднина.

Photo 3-1-18 18 02 19

Photo 3-2-18 15 14 31  Photo 3-2-18 15 14 41

Покрај учеството на Конференцијата во рамките на II работилница од проектот се одржа дискусија на кружна маса на која се дискутираше за евалуација на Конференцијата, размена на искуства од училиштата со дигитални методи, за нови идеи, апликации и наставни методи, како и евалуација на досегашната работа. Потоа учесниците присуствуваа на час за 3D моделирање и 3D принтање, го посетија Центарот за обука и образование на наставници во Електротехничкото училиште во Сплит каде се одржа работилница за Google Drive алатките. Учесниците во II работилница го посетија и Сплитско-Далматинскиот округ каде беа примени од претседателот на Управниот оддел за образование, култура, техничка култура и спорт.

Photo 3-5-18 09 00 26  Photo 3-6-18 19 10 23

Photo 3-4-18 19 14 17

Photo 3-4-18 19 55 37  Photo 3-12-18 18 31 30

Photo 3-12-18 18 30 35-min

Последно освежено на понеделник, 12 март 2018 18:36
 

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер